Ја натерала ќерка си да ја испразни пастата за заби на чинија и така ја научила на најважната лекција во животот

Ејми Бет Гарднер и рекла на својата ќерка да седне, да ја земе пастата за заби и да ја испразни на чинија. Притоа ѝ ја одржала најважната лекција во животот.

Тоа не го направила од досада, туку за да ја подготви ќерката пред да тргне на училиште и да ѝ  одржи важна животна лекција.

„Ќерка ми утре почнува на училиште. Купивме нови униформи, и го организиравме шкафчето и ја изненадивме со нов ранец. Но, вечерва, пред да заспиеме, направивме уште една задача, многу поважна од другите“, напиша Ејми покрај фотографијата од чинија паста за заби.

„Откако Бреона ја исцеди целата паста за заби, ѝ реков да ја врати целата паста за заби во тубата. Таа рече: „Но, не можам“, и „Нема да биде исто како порано“. Ја чекав да каже сè што има, а потоа реков. Оваа паста за заби ќе ја паметиш до крајот на животот. Твоите зборови имаат моќ на живот и смрт. Кога ќе започнеш на училиште, ќе ја разбереш тежината на твоите зборови. Ќе имаш можност да кажеш зборови кои ќе повредат, понижат, наклеветат некого. Исто така, ќе имаш можност да користиш зборови кои ќе ги излечат другите, ќе ги охрабрат, ќе ги инспирираат, ќе им покажеш дека ги сакаш. Исто како пастата за заби, штом ќе ти излезе од уста, не можеш да ја врати назад. Избирај ги зборовите внимателно, Бреона. Кога на другите не им е гајле што ќе кажат, ти избери што ќе кажеш. Секое утро избери од твојата уста да излегуваат само позитивни зборови. Дозволи им на луѓето да те знаат за нежна и сочувствителна. Искористи го твојот живот за да му вдахнеш живот на светот на кој очајно му е потребен. Никогаш, ама баш никогаш нема да зажалиш што си избрала добрина“.

Пораката на оваа мама стана вистински хит, воодушевувајќи многу корисници на социјалните мрежи. Споделена е речиси 720.000 пати на Фејсбук и речиси сите реакции на него се целосно позитивни и охрабрувачки.

„Одличен совет! Децата на училиште знаат да бидат многу сурови, би било убаво сите родители вака да разговараат со своите деца“, коментира една жена под објавата.

Сепак, имаше и некои негативни коментари, а оние кои ги оставија сметаат дека Ејми „одамна требало да ја научи својата ќерка на добрина“.

А со ова уште еднаш се докажа колку некој може да ги повреди другите со зборови кои не можат да се вратат „во туба“ бидејќи денес 11-годишната Бреона е посвоено девојче, а Ејми и е мајка само две години.

„Внимателно бирајте ги зборовите....“


Фото: Фејсбук

Извор: Оазазнања