Ја погребаа Снежана Ѓуришиќ: Нејзиниот некролог го обиколи интернетот - пејачката се огласи и откри сѐ за измамата
Снежана Ѓуришиќ проговори за своите почетоци во својата музичка кариера, а потоа се осврна на нејзината посмртница која кружи на интернет, како и за измамата околу огласот за слабеење.
- Мојот прв настап на 11 години беше во тогашниот Дом на синдикатите. Се сеќавам на тој момент, родителите ме донесоа од Крагуевац, на фестивалот ја заменив Лепа Лукиќ. Се сеќавам дека едвај чекав да излезам пред толку многу луѓе за да видам како изгледа. Се сеќавам на таа вечер како да беше вчера - започна Снежана.
Таа дошла во ситуација да пријави лажна објава во која била погребана, а станувало збор за веста дека пејачката починала од срцев удар.
- Некој го користел моето име за да рекламира чаеви, без мое барање или одобрение. Бев многу разочарана што луѓето користеа такви работи. Ниту ослабев 18 килограми, ниту пиев чаеви за слабеење. Јасно се гледа монтажата на раката, тоа е криминал – изјави пејачката и продолжи.
- Пред некој ден на Фејсбук беше напишано дека умрев од срцев удар. Не знам што се случува во главите на луѓето кои чувствуваат потреба да објават дека некој починал. Секако, негирав и пријавив. Сум умрела неколку пати до сега – низ смеа рекла таа.
Фото:Инстаграм