Ја шиеле 1034 часа: Боженствената тоалета која ќе ја гледаме во новиот филм за принцезата Дајана е модно ремек дело
Додека со нетрпение чекаме да ја видиме американската актерка Кристен Стјуарт во улогата на покојната принцеза од Велс, од време на време „добиваме лажица“ детали од филмот, а едeн веднаш се истакнуваше. Се разбира, станува збор за облеката!
Филмското остварување „Спенсер“, во режија на Пабло Ларејн, ни претставува викенд во животот на британското кралско семејство. Особено, станува збор за божиќните празници што принцезата Дијана и принцот Чарлс ги поминаа во Сандрингам со кралицата Елизабета Втора, и кога славната Лејди Ди дефинитивно одлучи да се разведе од принцот од Велс.
Ликот на покојната принцеза Дијана го оживеа актерката Кристен Стјуарт, и додека конечно не го видиме овој филм, добиваме клипови кои сугерираат дека тимот завршил одлична работа.
Како и секогаш кога станува збор за филмската адаптација на животот на мајката на принцовите Вилијам и Хари, еден од најважните делови се костимите, односно облеката што актерката ќе ја носи во улогата на Дијана. И овој пат, филмаџиите се на висина на задачата, а едно парче веќе се истакна - романтичен фустан во кој филмската Дијана ја гледаме на плакатот што го најавува филмот!
Тоа е модел од колекцијата на модната куќа Шанел за пролет -лето 1988 година, и - колку различно - Висока мода!
Станува збор за фустан кој ги открива рамената и чиј горен дел е составен од корсет, додека долниот дел се простира во бројни слоеви на тул, а украсен е со сатенски лак во пределот на половината. Горниот дел од "здолништето" е прицврстен за колковите и нагло се шири веднаш под коленото, а под тулот има капутче изработено од тенка органза. Има и везени цвеќиња, гранчиња и блескави детали.
Боженствената тоалета повторно е направена во работилницата на куќата на Шанел специјално за потребите на филмот, а во неговото производство учествуваа пет мајстори за шиење, за што беа потребни дури 1.034 часа за вкупната работа! Само 700 часа беа потрошени на везот, за кој беше задолжено познатото париско студио Maison Lesage, кое постои повеќе од 130 години.
За Ди, и после смртта, само најдоброто!
Извор: glossy.espresso.rs
Фото: profimedia