Ја силувал непознат маж по што забременила, нејзиниот син мислел дека му е сестра: Шокантна животна приказна на познатата актерка

Убавата актерка со тажна животна приказна е родена во  Тунис како Клаудиа Жозефина Роуз Кардинале и има италијанско потекло. Иако учела за да биде учителка, судбината ја однела Клаудија во светот на актерството.

Благодарение на својата неверојатна убавина, на 17 години победила на натпреварот за „Најубава Италијанка во Тунис“, а како награда добила патување во земјата на нејзините предци.

Таму ја пречекале режисери кои веднаш го забележале нејзиниот талент за глума, а оттогаш започнала нејзината филмска кариера.

На само 19 години Клаудија го потпишала својот прв договор, а по улогата во филмот „Пинк Пантер“ од 1963 година привлече  вниманието и на филмските продуценти од Америка и Велика Британија. Потоа ги снимаше филмовите „Роко и неговите браќа“, „Девојка со куфер“, „Леопард“, „Картуш“ и „Осум и пол“.

Како и многумина, и таа сонувала да го оствари „американскиот сон“, а една од нејзините најзначајни улоги во Холивуд била во филмот „Беше еднаш на дивиот запад“ на Серџо Леоне.

За време на нејзиниот ангажман во Холивуд, кога сфатила дека постојано ги добива истите улоги, Клаудија решила да се посвети на театарот. Разочарана од американскиот пазар и понудите што ги нуди, актерката се вратила во Европа, каде најмногу снимала за француската и италијанската филмска индустрија.

За жал, она што и го одбележало животот засекогаш е силувањето, покое забременила . Клаудија била силувана од непознат Французин, а актерката не сакала да абортира, ниту пак да ја запостави кариерата.

Нејзините колеги ја советувале да не објавува дека е бремена, а во седмиот месец, кога веќе не можела да го крие стомакот, нејзиниот ментор Френк Кристалди ја испратил во Лондон.

Таму го родила синот Патрик, кој го одгледале нејзините родители, а детето до осумгодишна возраст мислело дека Клаудија му е сестра.

Во меѓувреме, меѓу актерката и нејзиниот ментор се родила љубов, а таа во 1966 година во Атланта се омажила за Френк Кристалди, по што тој го посвоил нејзиниот син. Но бракот не успеа да опстане па тие се развеле во 1975 година.

Имено, актерката го оставила сопругот за Паскал Сквитиери со кој се омажила истата година кога се развела од Френк. Таа беше во брак со него до неговата смрт во 2017 година, а ја добија ќерката Клаудија.

Активно се занимавала со актерство до 2010 година, кога решила малку да забави и да се посвети на приватниот живот. Сепак, таа последен пат се појави на екранот во 2020 година во продукцијата на Нетфликс „Руж Сити“.

Во 2011 година, Клаудија беше прогласена за една од 50-те најубави жени во целата филмска индустрија, а голем дел од својот живот посвети на борбата за правата на жените. Од 2000 година, таа е и амбасадор на добра волја на УНЕСКО за одбрана на правата на жените.


Фото: FRANCOLONDONFILMS/Profimedia