Пијан возач ја удрил со автомобил, две недели подоцна останала парализирана: Ударот предизвикал редок синдром

Добивај вести на Viber

„Целиот мој живот наеднаш се промени“, вели Сахара...

Сахара Реј е австралиска манекенка која неодамна на социјалните мрежи објави дека се бори со ретка дијагноза. Открила дека станува збор за синдромот Гилен-Баре, кој ја оставил парализирана од колковите надолу. Моментално користи инвалидска количка, но се обидува редовно да оди на терапија и да се обиде повторно да оди.

Таа објасни дека на 8 април ја удрил пијан возач кој возел со брзина од околу 120 километри на час. Покрај среќата што останала жива, таа имала и последици.

- Тоа во основа го доведе моето тело во шок. Токму тој удар го испрати моето тело понатаму во оваа болест. Бев навистина болна околу недела и пол до две недели. За тоа време едвај јадев, бидејќи не можев да ја задржам храната и телото ми стана многу слабо – изјавила таа, пишува „Дејли мејл“.


Прво почувствува пецкање и скокоткање во стапалата, а потоа почна овој симптом да ми се шири по должината на нозете. Веднаш била пренесена во итната медицинска помош, но веќе не ги чувствувала нозете.

- Беше навистина тешко да се справам со ова и се трудев да задржам позитивни мисли. Сепак, ги гледам моите профили на мрежите, моите фотографии и снимки и не ми се верува дека сега седам во инвалидска количка речиси неподвижна. Се надевам дека чувството во моите нозе ќе се врати – им се обрати таа на своите следбеници.

Таа им се заблагодари на семејството и на лекарите кои неуморно ја поддржуваат и изјави дека не се откажува.

Во едно објавено видео, таа успеа да се подаде и да ја фрли топката пред да падне на клупата.

Синдромот Гилен-Баре делува така што имунолошкиот систем го напаѓа нервниот систем на телото. Последиците како парализа се скоро секогаш придружени со оваа дијагноза. Како што тврди „Мајоклиника“, се уште нема лек, но затоа терапите можат да бидат од голема корист во ублажување на симптомите.

Фото: Тик ток
Извор: Ona.telegraf.rs