Ја земав кога имаше 18 години, да треба повторно да одбирам, неа би ја одбрал без размислување: За прв пат Маја и Жељко Самарџиќ ја отворија вратата на нивниот приватен живот

Добивај вести на Viber

Балканската ѕвезда Жељко Самарџиќ е еден од ретките кој успеал да одолее на сите искушенија кои ги нуди славата, само за да ја зачува љубовта со убавата сопруга Маја и семејството генерално. И додека голем број естрадни ѕвезди менуваат партнери, а други гледаат да извлечат жива глава од пороците кои го превземале кормилото на нивниот живот, Жељко ужива во сето она кои внимателно го градел со децении, а благодетите ги искусува и до денешен ден.

Иако е добро познато дека има преубава сопруга, веројатно, токму и затоа „љубоморно“ ја чува, па  јавноста ретко може да ја види, а за приватноста како по некое правило исто така секогаш одбегнува да зборува.

Но правилата не би постоеле доколку не се кршат, па оваа поговорка е одличен пример за ова интервју. Жељко и Маја овој пат ексклузивно само за Женски Магазин со задоволство ја отворија врата на нивниот интимен живот.

Љубовна приказна започнала во нивните рани 18-ти години, кога веднаш по матурирањето на Маја, се венчале и почнале заеднички живот. Живееле скромно, но Жељко иако имал голема желба да биде пејач, работел различни работи само за да овозможи пристоен живот на своето семејство.

- Работев во голема шпедиција неколку години, па потоа се занимавав со угостителство, имав 22 години кога се оженив. Маја штотуку матурираше и веднаш почнавме да живееме заедно, работев се, но и пеев. И вниматело гледав секој денар да го одвојам за да го дадам на семејството, изјави пејачот.

Пресвтрот во нивните животи бил моментот кога Жељко одлучил од Мостар заедно со сопругата и децата да се пресели во големата метропола, со цел да ги оствари своите соништа, да стане професионален пејач.

- На 37 години дојдов во Белград, 3 години ми тебаа да го свртам вниманието на себе. Јас всушност имам 50 години пеачка кариера, но професионално почнав да пеам кога имав 40 години. Првиот настап ми беше со воен оркестар во Загреб. Се сеќавам кога продолжив да настапувам дека секој денар го одвојував да за дадам дома. Ми требаше доста време да се привикнам. Од мала средина дојдовме во голема метропола, тука ни се случија најдобрите работи. Нови луѓе, пријателства, но и искушенија... Тука морв да бидам многу храбар, прибран, свесен за животот... Зашто ако сте изградиле една кула морате да ја чувате, бидејќи ќе се урне. Но, морам да кажам дека Маја е најзаслужна за растењето на децата, вели Жељко, а со него согласна беше и Маја.

Не е лесно кога една убава, квалитетна жена се откажува од својот живот, своите соништа, само за да биде поддршка на сопругот.

- Па секако дека голема обврска, кариерата е голем товар и за мене и за семејството, па одбирање на песните, па облекување, однесување во јавност... но тоа оди по некој свој тек. Веќе поминаа многу години. Тој неодамна доби награда за најдобар изведувач на еден фестивал, тоа беше огромно искуство... Затоа никогаш не се мешав ниту му сугерирав, не сакав да му го нарушам квалитетот кој го поседува. Јас се „мешав“ само во изборот на песни. Можам да кажам тоа што сум негова сопруга е товар, но пријатен товар, тоа никогаш не ми пречело и со задоволство го придружувам каде и да оди, иако тоа не го правев за да го зачувам бракот, туку за да му бидам поддршка, истакна Маја.

Дојдени од мала средина, во која живееле скромен мирен и убав живот одеднаш се најдоа под рефлекторите на славата. Жељко стана еден од најпознатите балкански пејачи, а кариерата, песните, славата, публиката, непреспиените ноќи, друштвото на убави жени... се тоа речиси преку ноќ стана неговата новата реалност, на која ретко кој маж може да одолее. Но, не и тој, а еве и како.

- Природата го створила мажот за да гради семејство, да заработува матерјално за да може семејството да преживее. Секој порок прави проблем. Не само на тој кој е порочен, туку и на сите околу него. Ја не би можел, поточно никогаш во животот не би си дозволил да го повредам оној кој сум го створил и оној кој го сакам најмногу на светот. Суштината е дека сме створени од љубов и тоа сите не одржува. Маја е преубава, но тоа е она што најмалку ме задржи до неа. Моето срце ја одбра, и да треба повторно да одбирам, неа би ја одбрал без размислување. Суштината е тоа што е многу разумна, секогаш ме подржува, учестувува во мојот избор, заедно со децата, они се мојата најверна публика, изјави Самарџиќ.

А кога ја прашавме Маја како успева сите овие години да изгледа толку добро, и на што се должи нејзината убавина џа која надалеку се зборува таа скромно ни одговори...

-  Знаете цел живот имам ист број на килограми, не ми јасно ниту мене како успевам во тоа искрено. Не јадам многу, знам да прескокнам оброк, а можеби и поради тоа што храната никогаш не ми била приоритет. Исто така сум премногу енергична,  многу шетам, сакам да спијам.

Кога сме кај изгледот, она што ја изненади публиката беше промената на стајлингот на Самарџиќ. Речиси преку ноќ се појави со еден сосема поинаков имиџ од она што следбениците на неговите дела беа навикнати да го гледаат откако се појави на естрадата.

-Не сакав да правам скандали кои не ни постојат, за да постигнам нешто. Многу ми се допадна промената, јас ете на тој начин одбрав да го привлечам вниманието на себе а да не биде тоа афера или скандал. Но, исто така да бидам искрен, сега кога се гледам од оваа перспектива, некако ми личи како да изгледам постаро. Мислам, изгледав поубаво кога бев слаб, а сега кога сум поправен и имам 96 килограми не изгледа убаво. Но сепак тоа ме потсетува на еден убав период, на албумот..., изјави пејачот а на тоа се надоврза и Маја.

- Тој посака да се промени, и тоа беше навистина „бум“. На многумина им се допадна промената, но, на многумина и не баш. Знаете наеднаш наочари, брада, бркови... сите беа изненадени. Тоа траеше две години. Ама знаете како, како што жение менуваат стил, боја на коса, фризура, зашто не и мажите. Ете кај него се покажа како одлична идеја, рече таа.

По низа на хитови и мала пауза од естрадата Жељко се врати со дуетот отпеан со неговата долгогодишна пријателка, нашата пејачка Калиопи. Кажа дека е задоволен од сработениот проект, и за тоа како песната поминува кај публиката. Иако во споредба со милионите прегледи под видеата на неговите колеги, „Знам“ брои речеиси пола милион, но тој рече дека никогаш не би платил ниту цент за да купи глас, преглед или лајк.

- Задоволен сум од проектот, јас никогаш не сум платил ниту цент да имам следбеници или прегледи. И оние на инстаграм преку ноќ што имаат илјадници следбеници, мене тоа ми е смешно. Колку луѓе ме следат, знам дека тоа е тоа. Тоа е вистинска публика. Но најбитно, „Знам“ е љубов, а јас посакувам љубовта да трае вечно. Да живее Љубовта, заврши пејачот, со надеж дека песната ќе допре до секој еден кој ќе ја слушне, бидејќи во неа има дел од нивните животи.

Елеонора А.