Ја знаеме како Лајла Грејс, се пресели во Белгија за да стане научник: Сега ужива во љубоовта со црнокосиот и згоден Али (ФОТО)
Марија Јаневска- писателка, позната под псевдонимот Лајла Грејс пред неколку години се пресели да живее и работи во Белгија.
Таа таму се усовршува своето образование во медицината и фармацијата и како што и самата напишала на својот профил на Инстаграм се стреми кон тоа да стане научник. Во пандемијата на корона вирусот, таа постојано ги истражуваше неговите варијации и во една прилика и детално даде објаснување за вакцините за Ковид-19 и стравот од неплодност.
- И како поминува времето, наеднаш се навикнуваш. Наоѓаш пријатели, фасцинираноста од нивната пријатност и од самиот град те тера да заборавиш на стравот и стресот полека се топи. Наоѓаш нов дом - објави таа некое време по преселбата во Белгија, каде отиде да студира молекуларна вирусологија на престижен меѓународен универзитет.
Се чини дека токму нов дом и сигурност пронајде во партнерот Али Нодех, кој често е дел од нејзините објави на Инстаграм. Јаневска ужива во врската во овој убав црнокос маж, Тие се заедно веќе повеќе од една година, а нејзиниот сакан често знае да ја изненади со букет цвеќиња без никаква причина.
Нејзиниот избраник Али ја запроси, а Марија без размислување му кажа „да“.Често патуваат заедно, а пред неколку недели беа на летен одмор во Тајланд.
*Р.Ж.М.