Ја знаеме како Роса од „Монтевидео“, па заборави на кариерата поради бракот: Позната пејачка лудо го сакала нејзиниот бивш сопруг

Добивај вести на Viber

Роса од „Монтевидео“ се враќа на големото платно, подготвена е за бројни актерски предизвици, а посакува повторно да се мажи

Данина Јефтиќ важи за актерка која ги освои срцата на публиката со својата посебна харизма и неодолив шарм. Црнокосата убавица својата актерска кариера ја започна во серијата „Пари или живот“. А филмот „Монтевидо“ ја издигна меѓу ѕвездите! И тогаш таа остави сè заради 10 години постар продуцент.


- Десет минути врескав од среќа кога Бјела ме извести дека ја добив улогата во „Монтевидео“. Бев пресреќна што сум дел од тој тим и денеска се чувствувам горда поради тоа - изјави Данина во едно интервју.

За време на снимањето на сега веќе култниот филм се роди љубов меѓу неа и Викотро Савиќ, а нивната романса успешно ја криеја од очите на јавноста додека не раскинаа.

По неверојатниот успех во филмот на Бјелогрлиќ, таа реши да се повлече од актерскиот живот, бидејќи сакаше да се посвети на семејството, но и да се реализира во улогата на мајка. Таа во 2013 година се омажи за менаџерот и бизнисмен Александар Кукањац, а набрзо го добија и синот Максим.


Кога бебето наполнило осум месеци, парот ги спакувал куферите и се преселил во Австралија. Сепак, тој брак не издржа, заврши една година по венчавката во Сиднеј.

Разводот бил многу стресен период за оваа занесна убавица и од тој момент таа целосно се посветила на своето дете. Како самохрана мајка нагласува дека многу и значи помошта на нејзините родители. Благодарение на синот таа стана похрабра и подготвена за големи предизвици, но повеќе не дозволува сечие мислење да влијае на неа.

- Сега живеам многу помирно. Среќна сум за големите улоги, па и за странските кариери. Јас сум похрабра поради него. Станав поопуштена, добив поголема самодоверба. Сега не можам да бидам под влијание на сечие мислење за мојата глума или изглед. - додава Данина.

Таа сака повторно да се омажи

- Разводот не ја разниша мојата верба во љубовта. Тоа е нормална работа. Самата сакам барем уште два-три брака. Обожавам свадби – рекла еднаш актерката.


Нејзиниот поранешен сопруг бил голема љубов на Александра Радовиќ

Верувале или не, поранешниот сопруг на Данина ѝ стана познат на јавноста кога стапи во врска со Александра Радовиќ! Тие двајца беа заедно на самиот почеток на пејачката кариера на Александра, а се зборува дека тој бил нејзината најголема љубов. Наводно, пејачката му посветила неколку свои песни, бидејќи нивната љубов била голема и искрена.

Извор: стил.курир.рс