Јадам сѐ, а ослабев 15 килограми: Режимот на Тијана Дапчевиќ

Добивај вести на Viber

Тијана Дапчевиќ е една од оние жени кои многу внимаваат на својот изглед. Тијана e мајка на Вук кој во февруари наполни десет години, и со своите 43 години изгледа помлада од почетокот на кариерата.

По раѓањето на синот, пејачката, актерка и виолончелистка во неколку наврати има изјавено дека имала проблем како да ги симне вишокот на килограми. Тијана во последнава година намали 15 килогарми благодарејќи на липосукциската диета.

„Откако престанав да се дружам со шеќерот и со тестото и откако почнав да се дружам со мојот нутриционист Кенан Мандра, кој и самиот ослабе со истиот режим на исхрана јас ја намалив тежината. Јадам пет пати во петок на денот, во помали количини. Можам да си дозволам и бурек, и парче пица понекогаш, и важно е што никогаш не сум гладна“, изјави Тијана неодамна. Најважното правило во режимот кој ѝ помогна на Тијана е едноставно- никако да не се јаде по 19.30 навечер. 

Позната како жена со изразен темперамент, Тијана е и физички активна. Пред неколку дмесеци, таа заврши со снимањето на третата сезона од серијата „Преспав“ , во која ка гледавме во улогата на германката Ула. 

Тијана Дапчевиќ ќе биде сопственичка на ресторан, и тоа во Мексико, во новата претстава „Један грам живота“, која музичарката и актерка ја подготвува во Белград во театарот „Звездара“.

„ Ја играм улогата на Марија, која е газдарица на кафеана со Мексико, нагалено ја викаат Живка. Таа им ги мрси конците на нејзините колеги и ги прави сите „перипетии“ во претставата. Подготовката на ова парче ми е навистина големо задоволство. Чест ми е што мои партнери во претставата се актери како Драган Петровиќ- Пеле и Бода Нинковиќ“, ни изјави Тијана. 

Таа е актуелна со песната „Презир“ која ја промовираше на 3 февруари, на нејзиниот роденден, а српската верзија на „Километри“ преработката на хитот на Влатко Лозаноски-Лозано стана регионален хит.

(М.Џ.)