ЈАДЕТЕ СЀ, НО САМО ОСУМ ЧАСА ВО ДЕНОТ: Диета за брзо слабеење

Добивај вести на Viber

Ја нарекуваат чудо од диета, од која за кусо време се слабее 4 килограми. Основата на диетата е што ви е дозволено да јадете сѐ, но само осум часа во текот на денот. Во останатите 16 часа од денот, дозволено е да пиете само вода и билни чаеви, а дозволена е и лимонада без шеќер.

Стручњаците советуваат дека тие осум часа би требало да се од 9 до 17 часот, затоа што искуствата покажуваат дека тогаш резултатите се најдобри.

Но, сите знаеме дека урбаниот начин на живот не дозволува исхрана во ова време, затоа што тогаш е работното време, затоа се можни отстапки, внесување на храна до 19 часот. 

Затоа е најдобро да се балансира. Во текот на работните денови да се јаде од 8 до 16 часот, а за време на викендите од 11 до 19 часот. Но, најважно е по тие осум часа да не се внесува ништо во организмот освен вода, чаеви и лимонада.

И не заборавајте, периодот помеѓу оброците треба да биде четири часа. Дозволени се сите намирници, но важно е од одброк до оброк ништо да не се грицка.