„Јас не сум одговорен за нејзиниот изглед“: Долгогодишниот шминкер и фризер на Лепа Брена откри дека ја прекинал соработката со пејачката

Добивај вести на Viber

Пејачката Лепа Брена ја воодушеви публиката кога се појави на вториот голем концерт на нејзината снаа Александра Пријовиќ во Старк Арена.

Брена и Александра заедно ја испеаја песната „Pozeli srecu drugima“ (Посакај им среќа на другите), по што ги совладаа емоциите, па се гушкаа и плачеа заедно. Оваа сцена стана една од најемотивните кои можеа да се видат во последно време на српската музичка сцена.

Југословенската ѕвезда за оваа пригода избра екстравагантен аутфит, а носеше и ниска, елегантна пунџа, како и посебна креација во форма на капа.

Поранешниот фризер и шминкер на Брена за кој многумина го прашаа дали тој е задолжен за нејзиниот изглед на концертот, се огласи на социјалните мрежи,  и откри дека престанал да работи со пејачката.

- Еве ги одговорите на стотиците прашања што ми ги поставивте. Не, не сум одговорен за појавувањето на Лепа Брена на концертот на Александра Пријовиќ. Брена има нови соработници, помлади, поиновативни. А дали се подобри, проценете сами – напиша поранешниот колега на Лепа Брена.

Фото:screenshot/youtube