„Јас сум истата девојка која пред 44 години од Брчко зачекори во големиот свет“: Лепа Брена никогаш поемотивна
Српската пејачка Лепа Брена, објави емотивна порака по повод нејзината 44-годишна кариера...
Една од најголемите ѕвезди од поранешна Југославија па се до денес е пејачката Лепа Брена, која во својата речиси 50-годишна кариера се испроба и во актерството, а нејзините улоги се прераскажуваат до ден денес.
Пејачката сега со обожавателите на својот Инстаграм сподели фотографија од почетокот на кариерата заедно со емотивен опис.
- Во текот на сите години од мојата кариера, подеми и падови, триумфи и солзи, радости и таги... се што ми се случуваше како сопруга, мајка и уметник на која рефлекторите беа насочени дваесет и четири часа дневно, сметам дека успеав во речиси невозможното - да останам своја, природна, нормална, насмеана, жена од крв и месо, во душата иста како онаа девојка која пред четириесет и четири години зачекори од малиот двор во Брчко во големиот светот! – напиша Брена.
На нејзината објава се нижеа коментари од нејзините колешки.
Марија Шерифовиќ меѓу првите ја искоментира сликата и напиша „Една е Брена“, а потоа и Милица Тодоровиќ која постарата колешка ја нарече „Легенда“.
Да потсетиме, Брена неодамна на еден музички фестивал имаше можност да ја исполни животната желба и да ја дели сцената со Здравко Чолиќ. Двете музички легенди заедно ја изведоа песната „Пусти, пусти моду“, а видеото од настапот веднаш стана популарно на социјалните мрежи.
Фото: ИнстаграмИзвор:Тelegraf.rs