Јелена е доказ дека по ин витро, може да затрудните природно: Инспиративна приказна на жената која се породи во автомобил

„На 26. ноември родив здраво момче во сопствениот автомобил на пат кон болницата", раскажува мајка од Ужице за својата неверојатна и инспиративна приказна.


„Јас се викам Јелена Зешевиќ од Ужице, имам 30 години.
Се омажив на 24-годишна возраст и првото дете го имав на 27-годишна возраст преку ин витро оплодување, што успеа од прв пат. Проблемот беше кај сопругот.

Раѓањето помина добро, родив здраво девојче. По две и пол години, решивме да имаме уште едно дете и повторно направивме анализа поради првата бременост и се утврди дека треба повторно да одиме на ин витро.

За среќа, во март 2020 година, останав природно бремена. Во 6-тиот месец од бременоста, се разболев со коронавирус, па бев во болницата Драгиша Мишевиќ во Белград, десет дена. Сè заврши добро, фала му на Бога.

На 26 ноември родив здраво момче во сопствениот автомобил на пат кон болницата.

Водењакот ми пукна дома и имав контракции. Додека седев во автомобилот, започна породувањето. Сопругот ме возеше накај болницата. Главата на бебето излезе на половина пат и додека стигнавме пред болницата, мојот сопруг истрча да ги повика лекарите и медицинските сестри затоа што не можев да излезам. Само што ја отворија вратата, бебето излезе и веднаш почна да плаче.

Јас се породив сама.

Сакам да им кажам на идните мајки дека сè може да се постигне, потребна ви е само силна желба. Јас сум пример дека и после ин витро може да се забремени по природен пат , па и да породите во автомобил.

Јас сум горда мајка на моите деца“, заврши Јелена за крај.

извор и фото: yumama.com


Може да ве интересира:

Жал ми е што немам дете, но не се предавам: 52-годишната актерка Манчиќ десет години се борeла да стане мајка

На 51 година сама обезбеди пари за ин витро оплодување: Александра стана самохрана мајка и има порака за сите жени

Додека јас одев на ин витро оплодување, сопругот ме изневеруваше: Писателката Симонида за најболното животно искуство