Жал ми е што немам дете, но не се предавам: 52-годишната актерка Манчиќ десет години се борeла да стане мајка

фото: ATA Images 

Говорејќи за својата желба да стане мајка, актерката истакна дека ако почне да плаче, никогаш нема да престане.

Во моментов, актерката Анита Манчиќ ја игра улогата на Ружа во серијата „Тајната на лозата“, како силна жена која ги маѓепса гледачите.
Сепак, како и секој човек и актерката има свои „рани“, за кои досега не зборуваше јавно, и рече дека со години се борела за потомство.

По многу години обидување да се оствари како мајка, таа одлучила да замине на вештачко оплодување. Но, за жал, било неуспешно, сепак нејзината сила и позитивност ѝ дадоа ветер во грбот да не се предава толку лесно.

- Жал ми е што немам дете, но сепак не се предавам. Не смеам ни да размислувам дали жената е реализирана ако не е мајка - рече Манчиќ и објасни што ѝ дава духовна моќ.

- Преболувате многу работи во животот, па дури и тоа. Наоѓате задоволство во други работи затоа што сфаќате дека едноставно е така. Луѓето се раѓаат хендикепирани и живеат со тоа. Постојат луѓе кои ги оставаат своите деца и живеат со тоа, што е страшно... Има и такви кои не ги оставаат своите деца, туку ги злоупотребуваат.. И тоа е страшно, но тоа е живот - вели актерката и додава:

- Кога тагата ќе ми дојде, молчам за да ја преживеам. Кога би започнала да плачам за некои работи, никогаш не би запрела. Затоа не ни почнувам - таа ја сподели својата најголема тага за Телеграф.рс.

Инаку, актерката е во брак со Бојан, нешто повеќе од 20 години.

- Бојан е прекрасен. Му верувам најдолго, а со тоа и најмногу. Му се восхитувам што ме разбира. Често ми треба самотија, малку сопрузи би го толерирале тоа. Десет години се борев напорно за да станам мајка, за жал без успех. Тоа е голем напад врз организмот. Телото започна да протестира, па затоа се откажав од таа борба. Размислував и да посвојам дете - рече еднаш Анита.

извор:24sedam.rs