На 51 година сама обезбеди пари за ин витро оплодување: Александра стана самохрана мајка и има порака за сите жени

фото:Printscreen

„Моето бебе е како добивка на Лото! Не можеш да избираш кога ќе дојде“, искрена е Александра.

Александра Живковиќ од Ниш ја оствари желбата да стане мајка на 51 година. Вработена како фармацевтски техничар, низ годините, работела уште неколку работни места за да собере пари за ин витро оплодување во Солун. Нејзината желба се исполни со првиот обид и се роди Хелена, која веќе има една година.

Одлуката да се обиде да стане мајка на педесет години, единствено можна, делувала за Александра.

„Кога сфатив дека нема да имам можност да се реализирам како мајка, се пресеков и последните две години се борев финансиски да си обезбедам можност барем еднаш да пробам, да даде Бог“, вели самохраната мајка Александра.

Таа отишла во Солун, свесна дека веројатноста за ин витро оплодувањето да успее од првиот обид, е мала. Но, токму тоа се случи.
Малата Хелена неодамна го прослави својот прв роденден, а братот и мајката на Александра се постојано со нив.

„Кога остана бремена Александра, ми беше тешко затоа што се плашев дека моето дете има 50 години, но подоцна, кога сè беше готово и се роди Хелена, сега сум најсреќната баба во светот“, вели Снежана Живковиќ, мајка на Александра.

Коментарите од околината се претежно позитивни, но има, вели Александра, и такви кои ѝ замеруваат за нејзиното доцно мајчинство.

„Жал ми е што ова не ми се случи порано, да поминувам повеќе време со Хелена. Но, ќе дадам сè од себе да се чувам и ќе се обидам да ја направам добра личност, да ја направам независна.
Луѓето треба да ме гледаат како некој што победил на лотарија. Не можете да изберете кога ќе победите, секој би сакал да победи на лотарија на дваесет години, за да можат да уживаат во богатството, но не може, јас сега го добив моето лото и му благодарам на Бога за тоа“, вели Александра.

Ако научила нешто од сето тоа, вели таа, тоа е дека животот е големо чудо и верува дека неа и Хелена сè уште ги чекаат многу добри работи.


извор:zenskikutak.rs

Поврзани вести:

-Додека јас одев на ин витро оплодување, сопругот ме изневеруваше: Писателката Симонида за најболното животно искуство
-Имам едно дете и 27 спонтани абортуси: Фрустрирачки е и срцето ме боли
-Неверојатна приказна: Чекаа деца 14 години, па добија тројка во време на пандемија
-На моето дете ќе му кажам дека сурогат мајка ми помогна да го донесам на свет: Искрено со Весна, за борбата да се оствари како мајка