Имам едно дете и 27 спонтани абортуси: Фрустрирачки е и срцето ме боли

По три спонтани абортуси, 33-годишната жена престана да им кажува на пријателите и семејството дека е бремена. Своето искуство го нарекува уништувачко и фрустрирачко во најмала рака, но сепак сака уште деца.

Лиза од Бирмингем доживеа како што лекарите ги нарекуваат „необјаснети компликации“ поврзани со развојот на бременоста и тие ја спречија во нејзината горчлива желба да го прошири своето семејство и да роди повеќе деца, пренесува Дејли меил.

Лиза е мајка на едно дете кое го роди во 2007 година, а таа бременост помина совршено ‘непречено и уредно’. Потоа, сакајќи да има повеќе деца, претрпе два спонтани абортуси, по што и беше дијагностицирана „непозната причина за неплодност“. Вкупно досега имала 27 спонтани абортуси.

Додека таа претпоставуваше дека причина за загубата на бебето може да биде абортусота што го имала по првото раѓање, лекарите утврдија дека Лиза има високо ниво на „природни клетки убијци“ што значи дека нејзиното тело убива неродени ембриони.

Сепак, лековите не ставија крај на трауматските спонтани абортуси.

- Никогаш не знаев дека е можно да се појават необјасниви компликации. Фрустрирачки е и срцето ме боли. Да изгубиш дете не станува полесно, без оглед колку пати ќе го преживееш тоа. Јас сум плодна, но повеќе не се насмевнувам и не славам кога ќе видам две црти на тестот за бременост - рече таа.

Кога ќе се појави болка, па спонтан абортус, буквално се чувствувам како срцето да ми е искинато. Но, суровата реалност е - штом ќе се случи - јас сум во можност да продолжам понатаму, објасни таа.

Лиза го опиша својот втор спонтан абортус за десет недели, како „најлош“ затоа што беше хоспитализирана поради загуба на крв.

Таа рече: ‘Бев на семеен ручек и тоа се случи кога отидов во тоалетот. Се сеќавам дека крв ми лееше. Беше толку трауматично. Не можев да верувам дека губам уште едно дете.'

Британското Министерство за здравство NHS ги истражува причините за спонтани абортуси само откако ќе се заредат три, а Лиза затоа побара помош од приватно лице затоа што повеќе не можеше да минува низ таа болка.

Но, тестовите биле уредни, што значи дека нема нешто што ќе ја спречи и понатаму да си го крши срцето ако сака да стане повторно мајка.

- По три абортуси, престанав да им кажувам на пријателите и семејството дека сум бремена. Кога ќе видам силни отчукувања на срцето на бебето, добивам надеж дека тоа нема да се повтори. Честопати се прашувам зошто ми се случува ова. Понекогаш се чини нефер - вели Лиса, која сепак е благодарна што има 13-годишна ќерка, но сепак не разбира зошто и како не може да има друго дете.

- Очајна сум за тоа неодоливо чувство на љубов што го добивате кога ќе имате новороденче по кое копнеете - истакнува таа. 

Необјасниви абортуси

Просечна жена има околу 5 проценти природни клетки убијци, но Лиза има 11 проценти и се смета дека тоа е најверојатната причина за нејзината траума.

Таа се молеше дека лековите за нивно намалување ќе делуваат, а лекарите беа збунети кога клетките се намалија на 2 проценти, но продолжија повторувачките абортуси. Во мај 2019 година, на Лиза и беше кажано дека единствениот начин на кој ќе добие биолошко дете е сурогат-мајчинство. Таа рече: „Не морав ниту да ја прашам сестра ми Joана (31), бидејќи таа се понуди многу пати. Благодарна сум и до небото “.

Во октомври, тие направија еден циклус на ин витро оплодување, но не успеа. Беше сигурна дека ќе успее бидејќи ембрионите беа здрави, а Јоана е мајка на две деца.

- Таа загуба ме повреди повеќе од другите затоа што мислев дека сурогат-мајчинството ќе биде решението. За среќа, сестра ми е подготвена да се обиде повторно. Таа рече дека ќе стори сé што е потребно за да ми помогне“, додава Лиза која се надева дека нејзината приказна може да ги сруши табуата и да ги охрабри жените да зборуваат за абортуси.

- Мислам дека за тоа не се зборува доволно. Сакам другите да знаат дека не се сами и дека абортусите понекогаш се случуваат без лекарско образложение - истакна таа.

Лиза својата борба ја споделува на Инстаграм каде мотвира многу жени.

насловна фотографија: instagram/surrogacy_uk
извор:24sata.hr