Водителката Јелена и Срѓан се заколнаа на вечна љубов пред Бог: Преубава невеста, а вниманието го украде нивниот син
Во јули минатата година за прв пат се оствари во улогата на мајка, а деновиве познатата водителка Јелена Богојевиќ и официјално пред Бога му се заколна на вечна љубов на избраникот Спасиќ Срѓан.
За венчавката во црква, Јелена носеше прилепена долга бела венчаница со краток ракав.
Убавата водителка косата одлучила да ѝ биде пуштена во брановидна форма и нежна ненападна шминка која ја истакна нејзината природна убавина.
Од друга страна, посилната половина на Јелена, нејзиниот сопруг, Срѓан носеше елегантен костум во небесно сина боја.
Јелена и Срѓан правеле и свадба.
Јелена се сврши со Срѓан минатата година, кога тој на романтичен начин ја побара за сопруга, во Крушево каде што беа на одмор.
Плод на љубовта на Јелена и Срѓан е малиот Немања кој ако судиме според фотографиите на Инстаграм, повеќе наликува на мајка си.
Инаку, водителката на јавноста и е позната по емисијата „Магазин“ која се емитува на ТВ Сител. А во една прилика за Женски магазин таа ги откри нејзините ритуали за убавина .