Јелена Спенџарска го облече костимчето од мајка ѝ старо 30 години: Ѝ стои одлично

Добивај вести на Viber

Познатата водителка Јелена Спенџарска е меѓу најактивните на социјалните мрежи. Често споделува дел од нејзиниот приватен живот и на Инстаграм, а денес се пофали со новата фризура.

Со неколку селфи фотографии, таа сподели дека има нова фризура, работи во ново студио, а она што најмногу го потенцираше во објавата е облека што ја носи во ова издание.

Имено, Јелена напиша дека костимчето е од мајка ѝ, и истото дека е старо 30 години.

Убаво е кога квалитетната облека ја задржала оригиналноста, а на водителката ѝ стои одлично.