JOHNNIE WALKER ВЕ ПОВИКУВА НА ГЛОБАЛНИОТ ПРЕДИЗВИК ЗА БАРМЕНИ
Бармени од целиот свет се поканети да бидат креативни со
своите коктели и да добијат единствена можност - ексклузивно патување во
Шкотска.
Светскиот број еден шкотско виски Џони Вокер лансира нов Инстаграм предизвик за бармените ширум светот, фокусирајќи се на едно од најкултните и најпродаваните виски на брендот: Johnnie Walker Black Label. Овој реномиран бренд на бармените им нуди можност да освојат ексклузивно и извонредно искуство со JOHNIE WALKER BLACK LABEL во Шкотска.
За учество во овој предизвик ќе бидат земени предвид, бармените кои ќе постават јавна објава на Инстаграм од нивниот личен профил и ќе прикажат автентичен коктел со JOHNIE WALKER BLACK LABEL. Дополнително истиот пост треба да го содржи и рецептот на коктелот како и да ја наведат причината зошто JOHNIE WALKER BLACK LABEL функционира совршено во сервирањето. Во постот треба да се тагне профилот на: @johnniewalker и да се искористат хаштаговите #KeepWalking и #JWBlackLabel.
Пријавите треба да се достават најдоцна до 23:59 часот на 6 март 2023 година, а победникот ќе биде објавен на 17 март 2023 година. Истите ќе бидат оценети според естетиката и според балансот на рецептот и креативноста од професионално жири, во кое ќе бидат и Тим Филипс-Јохансон, глобален амбасадор на брендот Џони Вокер, Адриан Михалчик, победник за 2022 на светски познатиот натпревар World Class Global Bartender of the Year 2022и Ник Тезар, победник за 2022 на Australia World Class winner како и победник на World Class Johnnie Walker предизвикот.
Патувањето за победниците е предвидено за мај 2023 година !
Повеќе информации за правила и услови за учество во предизвикот, погледнете на: https://www.johnniewalker.com/en/terms-and-conditions/bartender-challenge-terms-and-conditions/ и на Instagram.
ПР објава