Каде и да се наоѓате – хранлив и вкусен оброк за вашето дете

Добивај вести на Viber

Она што децата го јадат и пијат во раните години може да влијае на нивното здравје уште многу години. Општите навики во исхраната се формираат во првите неколку години од животот, па затоа е важно да ги поттикнете вашите деца да јадат хранлива храна.

Брокули? Бљак. Морков? Само во комбинација со нешто слатко. Спанаќ? Ако е придружен со Попај Морнарот и цел куп приказни. Да, на сите ни се познати детските фази на „ова јас не го јадам.“ Но, знаете ли дека навиките за здрава исхрана се стекнуваат уште многу порано? Пред притисокот од врсниците и ТВ рекламите за нездрава храна, неопходно е да се развие вкус за здрава храна. Уште на самите почетоци, кога бебето ги осознава новите вкусови се создава базата за понатаму. Здравата исхрана може да има големо влијание врз здравјето на вашето дете, помагајќи му да одржува здрава тежина, да го стабилизира неговото расположение, да го изостри умот и да избегне различни здравствени проблеми. Здравата исхрана, исто така, може да има длабок ефект врз чувството за ментална и емоционална благосостојба на вашето дете и да биде основен двигател на целокупното здравје.

Поттикнете здрави навики во исхраната

Без разлика дали се мали или во тинејџерски години, децата развиваат природна склоност кон храната во која најмногу уживаат. За да се поттикнат здрави навики во исхраната, предизвикот е да се направат хранливите избори попривлечни.

-  Фокусирајте се на целокупната исхрана, а не на одредена храна. Децата треба да јадат повеќе целосна, минимално обработена храна - храна што е што е можно поблиску до нејзината природна форма - и помалку пакувана и преработена.

-  Бидете пример. Детскиот импулс за имитација е силен, затоа не барајте од вашето дете да јаде зеленчук додека вие јадете чипс.

-  Гответе повеќе оброци дома. Оброците во рестораните и готвачите имаат повеќе додаден шеќер и нездрави масти, така што готвењето дома може да има огромно влијание врз здравјето на вашите деца. Ако правите големи количини, готвењето само неколку пати може да биде доволно за да го нахраните вашето семејство цела недела.

-  Вклучете ги децата во купување намирници и подготовка на оброци. Можете да ги научите за различни видови храна и како да ги читаат етикетите на храната.

-  Направете достапни здрави закуски. Чувајте многу овошје, зеленчук и здрави пијалоци (вода, млеко, чист овошен сок) при рака за децата да избегнуваат нездрави закуски како сода, чипс и колачиња.

-  Оброк со житарки се дава или навечер, пред вечера или наутро кога бебето има најголем апетит. При хранењето бебето треба да биде во удобна положба, а вие бидете трпеливи: доколку не сака да јаде житарки, немојте да се откажете, повторно обидете се следниот ден.

Појадокот е најважниот оброк во денот

Појадок со висок квалитет на протеини - од збогатени житарки, јогурт, млеко, сирење, јајца и секако овошје (во зависност од возраста на детето) е одличен начин за стекнување на здрави навики. Одличен избор за почеток се житарките кои имаат одлична рамнотежа на јаглени хидрати, протеини и масти. Бидејќи се збогатени со железо, тие претставуваат важен дел од исхраната на бебето во времето на воведување на дополнителна храна.

Ужинка која ги задоволува потребите за дневна доза на овошје и зеленчук

Неопходно е да го поттикнете вашето дете да јаде во просек пет порции овошје и зеленчук на ден. Тие треба да јадат разновидно овошје и зеленчук бидејќи на тој начин ќе се погрижат да ја добијат целата палета на витамини и минерали. Порција за деца е приближно половина од порцијата за возрасен или количината што би се вклопила во нивната дланка. Децата треба да се охрабруваат постепено да ја зголемуваат големината на порцијата до онаа што се препорачува за возрасни. За да бидете сигурни дека вашето дете ја има потребната доза на здрава ужина, секогаш може да се потпрете наовошните кашички и пиреа (исклучиво од проверен производител) кои буквално може да ги носите со себе каде и да одите, без да се грижите дали сте ја погодиле вистинската доза.

Што кога немате време да подготвите домашен оброк?

Прв избор секогаш треба да биде домашно подготвената храна, но брзиот начин на живот и секојдневието полно со обврски не секогаш ни дозволува време да се посветиме, пред сè на внимателно одбрани производи, совршена комбинација на истите и пакување кое ќе биде доволно практично да можете да го понесете со себе.

Нутрино житните каши се произведуваат од природни состојки и дополнително се збогатени со 13 витамини и 3 минерали – Fe, Zn, J,кои не подлежат на термичка обработка, што им овозможува да ги зачуваат своите хранливи состојки. Нутрино во својот асортиман има млечни и немлечни каши. Пакувањето на Нутрино житната каша е иновативно бидејќи е со патент кој ја задржува свежината и овозможува повторно користење. Сувите каши претставуваат важен дел од бебешката исхрана, посебно од четвртиот до шестиот месец. Кашите со пет и седум житарки се и повеќе од добредојдени на бебешкото мени, а најчест избор на мајките е кашата со Хељда и сува слива. Житарките се идеален оброк за навечер и наутро, кога бебешкиот апетит е најголем. За малку постарите дечиња, Нутрино во својот асортиман на вкусни суви каши има каши со кекс и какао кои малите ги обожаваат.

Нутрино кашичките во тегла– Може да бидат од овошје, зеленчук или месо, а секоја состојка е посебно одбрана со строга контрола за исправност и квалитет. Кашичките во теглички се пакуваат со термореактивна фолија која го штити производот од светлина, прашина и отворање. За секое Нутрино пире е извршено внимателно мерење на количината на хранливи состојки, земајќи ги предвид нутритивните потребни во секоја фаза од развојот на детето.

Нутрино овошното пире во „пауч“ -За практична употреба, Нутрино пирето се пакува и во меко „пауч“ пакување кое е практично за носење и конзумирање надвор од дома, во природа, парк, училиште итн. Тоа претставува здрава овошна ужина и доаѓа во разновидни овошни комбинации со овошје, овошје со житаркииовошје со бисквити.

Нутрино сокчињата се прават од природно и сочно овошје, по специјална технологија која дозволува да се зачува природниот сладок овошен вкус.Не содржат дополнителни шеќери.Тие се 100% природни и се прават исклучиво од сочно овошје, со строго контролиран квалитет. На вашето дете му обезбедуваат природна сила и енергија.

Бидете сигурни дека сите активности ќе може да ги правите заедно, а без разлика дали сте дома или надвор вашето дете ќе ги има потребните нутриенти за здрав и активен ден!