Каде и да се појави инспирира со својот изглед: 3 модни трикови на Софи Мило за модерни и женствени модни комбинации
Избраничката на српскиот фудбалер Лука Јовиќ не престанува да воодушевува со своите беспрекорни изданија
Поубавата половина на српскиот репрезентативец Лука Јовиќ, моделот и претприемач Софија Милошевиќ, долго време важи за една од најатрактивните жени на јавната сцена.
Освен што изгледа како вистинска барбика, оваа убавица секојдневно ја воодушевува јавноста со својот беспрекорен моден смисол.
Без разлика дали оди на црвениот тепих или го поддржува партнерот од трибините, Софија со својот стајлинг го одзема здивот во секоја прилика, а во продолжение ви ги објавуваме нејзините 3 најубави модни изданија.
1. Летен изглед за секој ден
Софија важи за жена со префинет вкус која ги следи трендовите, кои овојпат ги покажа со стајлинг кој може да се носи и на работа и на вечерни коктели во градот со пријателите. Фустанот со женствен крој што ја следи линијата на телото и „oversize“ блејзерот се совршена комбинација на софистицирано и модерно.
2. Спортска елеганција
Милошевиќ ја демонстрира совршената комбинација на спортски и елегантен стил, а овој пат таа се одлучи за поло маица која е вистински хит на сезоната и соодветни мини шорцеви кои исто така на големо се вратија на модната сцена.
Црнилото на овој комплет го разведри со бордо биркин чанта и рамни папучи во нијанса на маслинесто зелена што граничи со смарагд, како и соодветен накит и очила за сонце.
3. „Животински принт“
Друг апсолутен моден хит што го донесе српската „Барби“ е комплетот составен од лежерна кошула и панталони со дезен од зебра.
Храбар додаток на оваа модна изјава на Милошевиќ беа светло-црвените папучи на луксузниот бренд „Hermès“, а големата црна чанта „Bottega Veneta“ и очилата за сонце во иста боја придонесоа за гламурозниот впечаток што го остава оваа комбинација.
Извор: glossy.rs