Каде ќе престојува Дарко Лазиќ по стравичната несреќа : Од шок соба во апартман
Дарко Лазиќ, кој 21 ден се наоѓа на Интензивна нега во Земун, после тешката сообраќајна несреќа, според извори на српски курир, се чувствува подобро и наскоро би требало да ја напушти шок собата.
- Дарко зa десетина дена би требало да биде префрлен од интензивна нега во апартман. По излегувањето од болницата, семејството планира да го испрати во бања поради опоравување на ногата и размислуваат тоа да биде некаде во странство- рекол извор од болницата.
Родителите на пејачот секој ден доаѓаат во посета на синот, наутро и попладне. И утррово беа, но овој пат без вереницата Марина.
На 23 октомври Дарко преживеа тешка сообраќајна несреќа кога неговиот автомобил излета од патот во нивата и се преврте на кров.
Тој три дена помина во вештачка кома поради тешки повреди, следеа операции, а вметнат му е и вештачки колк. Покрај сето тоа пејачот се бори и со апстиненцијална криза.