Најниски се цените на кафето во Мумбај – 90 центи, Рим – 85 центи и во Лисабон – 63 центи.
Поповолни цени има во Њу Делхи, каде што кафе може да се напиете за 1,3 евро, Сао Пауло – 1,28 евро, Јоханесбург – 1,27 евро, Истанбул – 1,2 евро, Каиро – 1,15 евро и Милано 1,14 евро.
Во Доха во просек треба да се издвојат 5,47 евра за само една шолја кафе во кафуле. Копенхаген е на второто место на листата каде кафето ќе ве чини 4,98 евра. Во Дубаи за кафето треба да се плати 4,87 евра, а во Цирих – 4,26 евра. Потоа следуваат Шангај, каде што кафето чини 3,93 евра, Пекинг – 3,78 евра, Виена – 3,71 евра и Москва – 3,67 евра. Малку поевтино е кафето во Њујорк – 2,67 евра.