Како 2 годишно девојче ѝ продаде крофни на Калиопи: Ќе се стопите

Добивај вести на Viber

Пејачката Калиопи често е на релација Скопје - Белград. Многупати таа истакнала дека има многу пријатели во соседна Србија, но и неретко пејачката е поканета таму на гостувања и настапи.

Вчера на својот Инстаграм профил Калиопи ги стопи срцата на своите следбеници, блиски и пријатели откако сподели видео на кое мало девојченце од само 2 години и продава крофни. Малата Маша е преслатка и можеби најмалата продавачка во светот.

„Ова се моите омилени крофни во Белград, а отсега и во светот! Затоа што кога ќе ве послужи омиленото човече, дефинитивно најмладата продавачка (само две години), тогаш оваа место станува многу поважно, а крофната повкусна... Видеово е направено пред една недела за време на мојот престој во Белград и сигурно ова се моите последни крофни, бидејќи по враќањето почнав со строга диета. Моја сакана Маша, ова видео ќе биде тука кога ќе пораснеш, за да се потсетиш на овој наш момент… Твојата Опи. P.S Фаја - Фала“, напиша пејачката во описот на видеото.


Фото и Видео: Инстаграм - Калиопи