Како да ја подготвите вашата ПАТНА АПТЕКА за безгрижен летен одмор?

Добивај вести на Viber

Цела година го исчекуваме годишниот одмор и правиме планови за патување од соништата кое ќе ни донесе многу убави спомени. Меѓутоа одморот може да се претвори во вистинска ноќна мора затоа што не сме навикнати на целодневно сонце, плажа, инсекти, поинаква исхрана и пониски хигиенски стандарди. Статистиката говори дека секој човек, на годишен одмор, просечно е болен два до два и пол дена. Затоа, многу е важно добро да се подготвиме пред патувањето и да понесеме: лекови, медицински заштитни материјали и медицинска козметика. Притоа за лековите обезбедете торба која ќе ги заштити од светлина и влага на температура до 25 степени целзиусови, а за oние кои треба да се чуваат на ниски температури подгответе торба ладилник.

1. Генерални совети - не тргнувајте на одмор без:

Дигитален топломер - корисен и незаобиколив дел од вашата патна аптека, кој може да им послужи и на возрасните и на децата. 

Аналгетици, антипиретици, антиреуматици - средства против болки и зголемена телесна температура.

Капки за нос и пастили за грло - во лето чести се настинките, па пожелно е при рака да ви се најдат капки за намалување на отоците на слузницата на носот, како и пастили кои ќе послужат за дезинфекција на устата и ублажување на болките во грлото. 

Капки за очи - во лето очите може да бидат иритирани од разни агенси: песок, сонце, солена вода и др. Затоа капките за очи се неизоставен дел од вашата патна аптека.

2. Патување: задолжително понесете пробиотици комбинирани со цинк и витамин б6 и/или комбинација од пробиотици и ОРС

Промената на климатските услови, храна, вода, кревет, честопати може да предизвикаат бројни нарушувања на дигестивниот систем: стомачни тегоби и мачнина од патување, пролив, запек, повраќање и дехидратација.

Притоа е најважно да се стопира дијареата и соодветно да се рехидрира организмот со соодветни пробиотици и средства за орална рехидратација.

Препорачуваме да се избегнуваат патувања во најтоплиот дел од денот и секогаш да имате доволни количини свежа вода и добро измиено овошје. Од друга страна избегнувајте да транспортирате и конзумирате лесно расиплива храна: месо, јајца, мајонез, млечни продукти, како и сендвичи со сувомесни приправки.

3. Сонце, вода, плажа...: задолжително понесете кремаза заштита од сонце, крема за после сончање, средства против алергии и креми за сончеви изгореници

Пристигнувањето на плажа и море значи радост и игра, но тоа значи и часови поминати на сонце и контакт со различни иритативни агенси (прашина, солена вода, специфични бактерии на плажата, медузи) кои може да предизвикаат: сончеви изгореници и алергии.

Препорачуваме да не се изложувате на сончеви зраци од 10 часот наутро се до 17 часот попладне, а кога и да излегувате на сонце, заштитете ја кожата со тоа што ќе ја намачкате со средства со заштитен фактор половина час пред изложување. Бебињата под 6 месеци не треба да се изнесуваат на сонце без потреба и незаштитени.

Нанесувајте крема секогаш кога сметате дека е измиена од вашето тело. Откако ќе заврши денот поминат на плажа, секогаш користете средство наменето за по сончање.

4. Инсекти: задолжително понесете: средство против инсекти (комарци) и средство за ублажување на болки од убоди од инсекти или медузи

Комарците, осите и медузите, честопати се несакан сопатник на одморот и важно е да имаме прва помош во случај на проблеми со нив. Користете ги “електричните репеленти“ за да ги избркате инсектите од вашиот апартман, а ако ноќе се движите на отворено намачкајте ги непокриените површини од вашето тело (освен лицето) со соодветен крем/гел против комарци.

5. Повреди: задолжително понесете прибор за прва помош - тука е вклучено се она што е потребно за грижа на помали рани и повреди: крема за ублажување на спортски повреди, антисептик за чистење на раните, стерилнигази и компресии, завои, фластери, ханзапласт, како и ножички и пинцета.

Летото е синоним за игра и постојано движење, а тоа на отворен простор знае да донесе и повреди. Затоа, незаборавајте ги средствата за дезинфекција, завоите, газите, водоотпорните фластери, антибиотски прашак или спреј и слично.

Доколку се соочите со подлабоки рани или повреди побарајте стручна помош. 

М-р фарм Јулијана Златева

* ПР - објава