Како да ја сочувате свежината на босилекот: Одличен трик со кој овој зачин останува свеж, ароматичен, полн со вкус и секогаш при рака

Добивај вести на Viber

Доколку знаете како да ја сочувате свежината на листовите босилек можете кога и да посакате сами да си направите песто или вкусен додаток за месо...

Листовите свеж босилек замотајте ги во влажна кујнска хартија, ставете ги во пластична кесе и чувајте ги во фрижидер. Рокот за употреба на свежо набраните листови најмногу е два дена, без разлика дали ги планирате за чај или нешто друго. Доколку сакате да им ја продолжите свежината, можете да ги конзервирате во маслиново масло или оцет, да ги замрзнете или исушите.

Доколку сакате да ги замрзнете листовите, треба да ги измешате со малку вода и да ги ставите во сад за мраз. Кога коцките со босилекот ќе се замзнат, може да се стават во пластични кеси во замрзнувачот. За време на сушењето водете сметка листовите да останат на место каде што има воздух, кое е добро заштитено од сонце.