Животна училница // Приказни
Како да ми оздрави детето побргу: Андријана Јаневска лута за загадениот воздух
- 04 Декември, 2018
Скопје е најзагадениот главен град во Европа. Ваквиот воздух е многу штетен по здравјето на сите, а особено на децата.
Пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи се огласи со фотографија од мерната станица во Карпош, на апликацијата „Мој Воздух“ која вели дека сабајлево има дури 433 PМ 10 честички. Таа е лута и изреволтирана за овој факт.
Она што ја интересира пејачката и професорка на Факултетот за музичка уметност, е всушност и прашањето на многу родители во главниот град „Се прашувам, како да ми оздрави детето побргу?„