Како да направите мед од тиква: Природен лек кој го зајакнува имунитетот
Медот од тиква содржи многу витамини и каротени кој го зајакнуваат имунитетот и е одличен за повеќе органи од организмот. Посебно е ефикасен при излачување на жолчен сок и проблеми со црниот дроб и бубрезите, а добар избор е и за лица со зголемен холестерол. Се смета и за природен лек за уринарните патишта.
Еве како да го направите
Исечете го врвот од тиквата, издлабете ја и отстранете ги семките и влакната. Дупката исполнете ја со мед или кафеав шеќер, па поклопете со отсечениот дел и оставете да отстои десет дена на ладно место. Во тој период шеќерот ќе се растопи. Најдобро би било, добиениот мед да го чувате во фрижидер во чиста стаклена тегла, најдолго еден месец. За да се сочува подолго, можете да го проварите до згуснување, но во таков случај се губат дел од хранливите состојки. Можете да го јадете како десерт, две до три лажици дневно, или да го засладувате чајот со него.