Како да одгледате девојче без комплекси?
Дали во денешниот свет, во кој медиумите се хиперсексуализирани, и во кој акцентот е на материјалното и телесно, е можно да се одгледа девојче кое се сака и се прифаќа себе и своето тело со сите маани и недостатоци? Повеќето психолози се сложуваат дека тоа е една од најтешките родителски задачи во животот!
Сон на секој родител е да порасне среќно и задоволно дете, сигурно во себе и својот изглед и полна почит кон другите, но и кон себе. Но во денешно време на мајките и татковците лесно им тргнува за рака да им го овозможат на децата она материјалното како убави соби, школување, курс за јазик, облека и одење на излет со одделение, отколку од нив да создадат стабилни и успешни личности кои се прифаќаат и сакаат себе такви какви што се. Притоа многу родители често го поистоветуваат надворешното задоволство на своето дете со она внатрешно и не им е јасно зошто децата им се искомплицирани, несигурни или претерано срамежливи кога ги имаат сите „услови“ тоа да не бидат.
Многу психолози ќе речат дека да се засакаш себе во онаа најпозитивна смисла на зборот (лицето да се прифати такво какво што е, со сите маани и недостатоци) всушност е најтешката работа во животот и дека нам родителите, за жал, одгледувањето повеќе ни одмага отколку што ни помага. И тоа главно пред сѐ несвесно. Дека тоа е така, сведочат бројни тинејџери кои се свртуваат кон агресивно однесување, бегаат од дома, ситни грабежи, зависности како алкохол или дрога или пак прехранбени нарушувања – анорексија и компулзивно прејадување.
Недостиг на љубов во детството
За таков развој на настаните некогаш е доволно само базично чувство на несигурност и недостиг на родителска љубов во детството, а караници, разделба на родители или прекин на врска со врсник се само чкрапало. Свеста за себе на детето создава од најрани денови впивачки пораки од своите родители-кои се главен извор на информации за кои тоа е вредно, сакано и способно. Упатени зборови, начин и тон на кои се изговорени, но и отсутност на оние кои било потребно да се изговорат, прекорување, грубост и навреди кон детето во комуникацијата (поради однесување, но и изглед!), ускратување на емоции и галење – општ однос кон детето – гради структура на неговата личност. Како што расте и почнува се повеќе да разбира, таа структура се надополнува така што добива и усвојува пораки за тоа што е соодветно, привлечно, пожелно, а што не е.
Мајката како прв модел на однесување
Клучна личност тука е мајката–таа е прв модел од кој го впиваме однесувањето кон самиот себе и го преземаме нејзиниот образец. Јасно е дека несигурната мајка која е незадоволна со својот изглед и живот не може да изгледа дете со спротивни карактеристики. Несигурноста
Без споредби молиме!
Затоа е важно да не го споредувате своето дете со други деца, туку да му кажете дека го сакате и дека е вредно и кога направи нешто што не е добро, и кога не ниже успеси и има премалку или премногу килограми. Секако дека ќе го предупредите на непримерно однесување, лоша оцена или прејадување на хамбургери, но не навредувајќи го со несоодветни зборови. Ако детето после тоа го бакнете или му кажете дека го сакате и дека сте горди на него без разлика на тоа што направило, претходно изречена забелешка нема да има тежина на критика и нема да го повреди. Детето нема да се чувствува виновно, исплашено или невредно. Во спротивно детето кога порасне ќе стане личност која има чувство дека секогаш е виновна.
Добра основа за живот
Дали сепак е можно да се одгледа девојка да се сака себе и да биде задоволна со својот изглед и да и дадете добри внатрешни основи за подоцнежен живот, посебно во денешен свет чии медиуми се хипер сексуализирани, во кои акцентот е на телесното? Околината на родителите главно ќе им одмага и во текот на одгледувањето ќе мора на некој начин да се борат против неа. Но секој родител, пред сѐ, треба да знае дека фазите на незадоволство и несигурност кај децата сепак мора да постојат. Несигурноста е составен дел од животот, нешто со што мора да научиме да живееме, а во мали количини ни овозможува да ги преиспитаме опциите и едноставно да донесеме најдобри одлуки. Важно е да се препознае моментот кога несигурноста станува проблем. Обично тоа е кога нас не спречува во нешто што нам ни е важно, или влијае за нашето добро или здравје или пак предизвикува страдање–како на нас самите, така и на другите. Важно е тоа да се препознае кај своето дете. Поголема доза на внимателност е потребна во периоди на поголеми промени во животот на детето, на пример во адолесценцијата, кога телото интензивно се менува. Родителите на децата тогаш треба да им бидат главна поддршка. На детето може да му се помогне искрено и со уважување сослушајте го за да го сфатите сериозно проблемот“, советуваат психолозите.
Многу е важен, како и секогаш кога децата се во прашање, сопствениот пример на родителите и нивното вреднување и физички изглед. Таквите ставови децата ги впиваат уште од мали нозе. „Ако на родителите им е важен изгледот и според него ги проценуваат другите, така ќе ги проценуваат и сопствените деца, а децата сами себе. Ако родителските вредности се такви да се насочуваат на вештини, креативност, труд и способности кои не се исклучително поврзани со изгледот, такви ќе бидат модели на своите деца“, заклучуваат психолози.