Како да водите среќен и исполнет живот?
Како би изгледало кога би ги почитувале своите принципи во целост? Како би изгледало тоа во пракса? Сите ние сакаме да живееме исполнет и среќен живот, но многу работи претставуваат пречка. Стресниот начин на живот може лесно да ве натера да заборавите на добрите работи во него. Постојано очекувате нешто да се случи за да станете исполнети и среќни. Животот не чека, тој поминува и секој ден ни поставува нови предизвици на кои што треба да се фокусираме за тоа како да ги надминеме. Тајната е да бидете отворени и да дозволите животот да се случува.
Оставете го минатото онаму каде што му е местото
Одлуките што ги носите често се последица на искуствата што сте ги стекнале во минатото. Овие искуства често се негативни, што значи дека ви пречат во доживувањето на новите искуства. Поради тоа, отворете се кон новите работи и пробајте да заборавите на настаните од минатото.
Отворете го умот за нови работи и не се врзувајте за нив
Врзувањето за нови навики, нови луѓе, нови работни места носи многу придобивки и напредок, но мора да има граница. Не смеете слепо да се врзувате. Можете да сакате, да се предадете и во целост да се препуштите, но не смеете да дозволите да паднете во рамка која порано или подоцна ќе ве ограничи. Причината за разочарувањето не се вашите преголеми очекувања, туку фактот што сте се врзале за очекуваното сценарио во кое сте ги вклучиле емоциите. Никој не знае што точно го чека во животот и на што може да се надева. Вашата среќа нема никаква врска со другите и нема врска со околностите, тоа е само прашање на вашата перспектива.
Додека не станете свесни дека сте среќни, нема да живеете исполнето
Кога ќе престанете да чекате и да се грижите за иднината, ви останува само еден момент да живеете. Престанете да анализирате што ви недостасува, туку бидете свесни и благодарни за среќата. Избегнувајте да размислувате за недостатоците, за нешто што го немате или го чекате. Тоа се уште не постои, па затоа е важно да се фокусирате на она што го имате во моментов. Она што го поседувате, и за што сте благодарни, ќе го имате уште повеќе во животот. Затоа е важно да гледате на животот од позитивна страна и да бидете отворени за среќата, да ја чувствувате во себе, а не да ја барате и да чекате да ви се случи.
Поминувајте што е можно повеќе време со семејството
Веројатно сте го слушнале ова порано, но една од петте работи за кои луѓето најмногу се каат во животот е токму поради тоа што не поминале доволно време или што не биле во контакт со семејството и пријателите. Кога поминувате повеќе време со луѓето за кои се грижите, правите нешто корисно и за себе. Поголем дел од животот поминувате во сопствениот дом, кој претставува центар на вашиот живот, а за да бидете задоволни и спокојни, неопходно е домот во кој сте вложувале време и љубов да го оставите во „сигурни раце“. Осигурувањето на домот и имотот е правилен начин да се заштитите од несреќи, незгоди, разни оштетувања и огромни трошоци што следуваат потоа.
Кроација осигурување - неживот нуди различни пакети за домаќинско осигурување, согласно со расположливиот буџет и потребите. Во основниот пакет е опфатен широк обем на ризици, и тоа од пожар, удар од гром, експлозија, бура, град, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација, излевање вода од водоводните и канализациските инсталации и уреди и цевки од топловодните инсталации, удар на сопствено моторно возило во осигурени предмети, провална кражба и разбојништво, трошоци за нужно сместување.
Стандардниот пакет, покрај ризиците од основниот пакет, дополнително содржи и осигурување од излевање вода од водоводните цевки и од канализациските инсталации, поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување на земјата, кршење стакло на прозорците и на вратите на станбениот објект.
Третиот пакет домаќинско осигурување е премиум пакетот, кој покрај ризиците од стандардниот пакет, дополнително опфаќа и излевање вода од аквариум, тежина на снег, атмосферски води, удар на непознато возило, удар од паѓање дрво, вандализам, кршење стакла на застаклени балкони, кршење санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи, промена на брава и изработка на нови клучеви во случај на изгубени или заклучени клучеви. Овој пакет на осигурување содржи и ситни поправки во домот максимум двапати за времетраење на полисата.
Домаќинското осигурување на Кроација е вклучено и во сите CRO пакети со кои се обезбедува дополнителен попуст на годишната премија. Поволноста кај CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR пакетите е што претставуваат комбинација од различни видови осигурувања, па секој може да најде најповолен пакет за сопствените потреби. Со нив е опфатено домаќинското осигурување, осигурувањето патнички возила, осигурување од незгода, како и здравственото осигурување.
*ПР објава