Моден фокус // Трендови
Како џинсот да е создаден за Каролина: Поп дивата и обичните фармерки ги претвара во необични
Каролина Гочева отсекогаш важела за една од најдобрите пејачки кај нас која
речиси никогаш не погрешила во комбинирањето на облеката. Секое нејзино јавно
појавување мами воздишки, дури и кога е во прашање некоја лежерна комбинација.
Она што може да се забележи е дека Каролина е голем љубител на џинсот и белите кошули, па секоја можна прилика ја користи да ги спои овие парчиња гардероба во комбинација со високи потпетици, чевли или патики. Како и да е, Каролина тоа знае да го износи светски.
Токму затоа, за вас одвоивме 7 џинс комбинации на Каролина, каде обичните фармерки ги претвара во необични.
Фото: Инстаграм/КаролинаГочева/ЈованаЗука