Како е можно да не старее: Светлана Црнокрак во петатта деценија изгледа дупло помладо
Зрачи со сексапил што и да облече на себе. Една од најубавите и негувани дами кај нас, Светлана Црнокрак за ова лето се одлучила за посмело издание на костим за капење.
На последната инстаграм приказна на Светлана која ја објави на социјалните мрежи покажа дека модерна е и додека ужива на плажа. Во бикини со жолта боја и бела тренди проѕирна наметка, надополнета со минималистички накит и очила за сонце.
Иако Светлана е во петтата деценија, изгледа и повеќе од одлично. Убаво обликуваните облини, дозволуваат секое парче облека на неа да изгледа совршено.
Ова лето поранешната манекенка ја видовме и во црно-бела комбинација на плажа, со кропиран долен дел од костим за капење.
Неодамна и нејзината ќерка Моника Црнокрак, на плажа се појави во слични бикини како Светлана. Летните бои кои ги одбрала одлично и прилегаат на нејзината насмевка. Капче со цветен дезен, кроп-маичка во зелена боја и костим за капење во сина, во комбинација со иста боја очила за сонце.
Фото: Инстаграм