Како изгледа Македонија од твоите соништа?

Добивај вести на Viber

Соништата се суштината на човечкиот живот, тие ни даваат цел и насока. Кога сонуваме за себе и за нашата иднина, сонуваме за нашата држава. Секој што ја сака татковината, ја доживува како спој на идеали, вредности и систем кој промовира мир, просперитет и напредок.

Веројатно, за многумина Македонија од соништата, изгледа како безбедно катче во кое владее мир и хармонија, каде што секој ги почитува меѓусебните разлики и вложува за општото добро, а клучот за таков успех е образованието, кое треба да биде бесплатно и достапно за сите.

Во Македонија од твоите соништа, демократијата не е само систем на владеење, туку начин на живот, кој обезбедува секој граѓанин да има глас, промовирајќи инклузивност и еднаквост.

Економскиот просперитет е уште еден камен-темелник на сите кои сонуваат за подобра Македонија. Економија која поттикнува иновации, го поттикнува претприемништвото и обезбедува можности за сите, каде што богатството не е концентрирано, туку правично распределено, обезбедувајќи висок животен стандард за сите граѓани. На секого му е потребна средина, во која иновациите охрабруваат и поттикнуваат технолошки напредок и одржливи решенија за глобалните предизвици.

Во твојата совршена слика за Македонија, има почит и заштитнички однос кон нејзините природни ресурси, има граѓани кои се еколошки свесни, има систем кој ја негува традицијата и култура како извор на најголемото богатство. Твојата личност, ја доживува Македонија како место во кое секој поединец може да го реализира својот целосен потенцијал, придонесувајќи за колективниот напредок.

Сонот можеби изгледа нереален и далечен, но оваа Македонија од соништата нема да биде само идеализација, доколку секој од нас ќе ги преземе работите во свои раце. За Македонија да го доживее остварувањето на твојот сон, треба да будно да се вклучиш во процесот на промена и да допринесеш за твојата сигурна иднина. Затоа што ти најдобро знаеш како треба да изгледа и да функционира државата во која создаваш иднина.

За Македонија да ја поддржи секоја твоја идеја, за да биде горда на секој твој успех кој ќе го вреднува, со тоа што ќе ти пружи можност за докажување на твоите квалитети и висок животен стандард, потребно е да разбереш дека никој не те дели од таквата реалност. Затоа што „Не е до нив, до тебе е“. До тебе е секој успех и неуспех на твојата држава, секоја позитивна и негативна промена, до тебе е што работите не се, или се под твоја контрола.

Ако не целиш кон остварување и создавање на Македонија од твоите соништа и не го дадеш својот глас, „Не е до нив, до тебе е“, затоа гласај и реализирај го твојот сон, на твој начин. 

пр објава