Како изгледа Првиот Џентлмен на Македонија: Љубовта на животот на претседателката Давкова
Првиот регистриран случај на редовно именување на лице со „прва дама“ е Хариет Лејн, поврзана со 15-тиот претседател на САД, Џејмс Бјукенен, но како внука, бидејќи тој бил доживотен ерген.
Но, малку е тешко во нашиов случај кога претседател е жена. Како се нарекува тогаш сопругот? Нема конечна дефиниција, но од она што може да се заклучи дека терминолошки тој е „Прв ЏЕНТЛМЕН“, што влече корени од англиската традиција, а е прифатен од повеќето земји.
Нашиот Прв Џентлмен се вика Благоја Давков. Тој е сопруг на претседателката Гордана Силјановска- Давкова. Над 35 години се во брак, имаат две деца, Mарија и Павле. Благоја е пензиониран правник, а и децата се правници.
Во едно интервју, претседателката откри дека со својот сопруг се запознала тогаш кога била во врска со друг маж
,, Јас бев трета година гимназија, тој исто така. Се сретнавме на некоја забава, предновогодишна. Јас не бев сама, бев со мојот дечко. Тој на излегување му кажал: Јас ќе и се додворувам на девојката. После подолго време, се сретнавме, па ме покани на друга забава и тоа прерасна во долга врска..."