Ана Винтур е позната по својата строгост, и е подеднакво строга кога станува збор за нејзините дневни рутини.
Славната уредничка на популарното списание за мода Вог, Ана Винтур, станува во 5:45 секое утро и оди во тенис во 7 часот наутро. Таа обично троши еден час и половина на терен, а потоа полека го започнува својот работен ден. По тенисот оди во „Старбакс", зема кафе (што е добро познато од филмот „Ѓаволот носи Прада“, наводно, инспириран од Ана Винтур) и оди во фризерски салон.
Да, Винтур оди на фризер секое утро, бидејќи во спротивно како таа ќе изгледа толку беспрекорно? Додека седи фризерското столче, таа одговара на пораки, а потоа само оди на работа подготвена за нови работни победи. Дали ќе можете да ја следите оваа рутина секое утро?