КАКО ИЗГЛЕДААТ БЕЛИТЕ ДРОБОВИ НА ВАКЦИНИРАНИ И НЕВАКЦИНИРАНИ ЛИЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД: Доктор објави рентген снимки

Добивај вести на Viber

Колкаво е значењето на вакцините против корона вирусот, експертите од оваа област со месеци го  објаснуваат. Меѓутоа, д-р Сем Дурани, шеф во Медицинскиот центар Deer Valley, одлучил да користи специфична рентгенска снимка за да им покаже на луѓето како изгледаат белите дробови на луѓе кои не биле вакцинирани и од оние кои ја примиле вакцината против ковид. Разликата е многу очигледна

Докторот ги сподели фотографиите и на својот Твитер профил, а изјавите ги пренесе британски „Сан“.

„Единствените луѓе кои навистина се разболуваат се оние кои не се вакцинирани. Тие се на респиратор или задолжително им е потребна кислородна поддршка, особено пациентите чии бели дробови изгледаат вака како на снимката, потенцира д-р Дурани за британски портал.

Кога станува збор за оние пациенти кои ги примиле потребните дози на вакцини, сликата за нивните бели дробови е далеку појасна и поповолна.

„Снимките од вакцинирани инфицирани пациенти покажуваат поголем проток на воздух, при што поголемиот дел од белите дробови се обоени во црно, што значи дека нема или има исклучително мала штета“, рече докторот. Објавата на Твитер што ја споделил лекарот погледнете ја на Фактор.мк