Како изгледала Билјана Дебарлиева како 19-годишна девојка: Уште оттогаш во љубов со нејзиниот сопруг Јован (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатата водителка Билјана Дебарлиева преку фотографија стара 31 година откри како изгледала како 19-годишна девојка, но и дека оттогаш е заљубена во нејзиниот сегашен сопруг Јован.

„Кога во албумот ќе си најдеш фотографија од пред точно 31-на година и ти навираат спомени за почеток на една убава приказна“.


Претходно за Женски магазин таа ја откри нејзината дефиниција за бракот.

- Мојата дефиниција за бракот е ...Толеранција, разбирање, взаемна доверба и поддршка и во убавите и во тешките моменти. Отсуство на љубомора, постојана комуникација, понекогаш и одредени отстапки, ама сето тоа за успешно функционирање и на бракот и на семејството- изјави Билјана.