Како небо и земја: Помалата сестра на Џенифер Лопез заработува милиони, гради успешна кариера и е целосна спротивност на пејачката

Двете се како небо и земја.

Светски познатата латино дива не е единствената во своето семејство која има многу успешна кариера.

Иако за приватниот живот на латино дивата Џенифер Лопез често се зборува во медиумите, малку е познат фактот дека таа има помала сестра.
Линда Лопез има многу успешна кариера. Имено, таа е новинар, но работи и како продуцент на каналот АБЦ. Исто како и нејзината сестра, таа заработува милиони и ужива во луксузен живот. Линда е најголемата поддршка за нејзината славна сестра, вака еднаш Џенифер зборуваше за неа и истакна дека ѝ се восхитува затоа што е самохрана мајка, а воедно и успешна деловна жена.

Мајката на Џенифер и Линда, Гвадалупе и Линда

"Толку многу ја сакам и почитувам", рече Џенифер во една пригода.

Од друга страна, двете се како небото и земјата. Што се однесува до физичкиот изглед, тие скоро воопшто не личат. Џенифер и Линда беа фотографирани пред ресторан, каде Линда го славеше својот 50-ти роденден. За оваа пригода тие ги усогласија своите стајлинзи и се појавија облечени во исти тонови. Погледнете како изгледаа:

фото:profimedia / instagram

извор:stil.kurir.rs