Како од сопственото дете се создава инвалид без инвалидитет?

Знаеме десетици вакви примери на родители како од своите деца, во поголема или помала мера создаваат инвалиди без инвалидитет.

Можеби и вие ќе се препознаете во некои од овие реченици, или барем ќе препознаете некого од својата околина: 

 – Сине, еве ти бурек на масава. – Остави ме татко, спијам. 

– Сине, ти оставув ручек во кујна. Немиј да ти се излади. 

 – Добро мајко, не замарај. Не сум гладен.

 – Душо, еве ти пари. Стаса пензијата. Те бакнува дедо. – E стави таму… 

– Другар, одиме надвор, убаво е времето… – Mе мрзи …

Навечер кога мајката ќе се врати од работа. 

 – Сине, ти се уште не си ручал? Ќе си го расипеш стомакот. 

 – Eј, не сум гладен, остави ме веќе, гледаш дека сум зафатен

 – Сине, ќе се упропастиш така.

 – Слушај ти, немој така да разговараш со мене. Знаеш?! 

 И така во круг. 

Таткото плашливо му носи на синот бурек во соба – детето да не се мачи да оди до продавница. Мајката се поставува, подготвува, средува, па и неговата соба, додека синот ома важна работаi… игра видео игрички и си го живее својот интернет живот. 

Ова е касична зависничка структура на личност, неспособна и неподготвена за самостоен живот… Ништо не убива како „љубовта“ на родителите и комплетната попустливост. Кога е се постават кон детето како тоа се да знае однапред, а тие не знаат ништо. 

Во меѓувреме, тоа дете ќе наполни 30 години, а се уште добива појадок во кревет за кој никогаш не вели ниту благодарам, уште и збеснува затоа што го разбудиле. Има на десетици вакви примери како од сопствените деца се прават инвалиди без инвалидитет. Тие ги корумпираат со пари како врв на љубов или ги расипуваат со својата попустливост. Аргументот на родителите е главно дека има кога да се мачат и дека додека тие можат, нивните деца нема да се мачат. Но што повеќе му давате некому, го навикнувате на нешто до што не дошо самиот. 

Му ги врзувате рацете да се избори за тоа што треба со сопствени сили. Се создаваат навики од типот „лесно за тоа“, но пробемите настануваат кога ќе излезат надвор од дома. Наместо по потешкиот пат, секогаш се бида поесниот со што се убива љубопитноста и можноста за создавање на самостојна личност. Таткото и мајката, наместо да бидат луѓе со карактер и цврста воја, подготвени да пресечат, стануваат предмет на изживување, стануваат слуги на децата. Да не зборуваме за бабите и дедовците, глупи старци, будали и фосили. И така со години, сите се глупи, лоши, вакви или онакви, за нив е се бесмислено, заморно, не сфаќајќи притоа дека е тоа така пред се, во нивните гави. И дека се тие оние чие однесување најмногу заморува и ја убива волјата за живот.