Како правилно да се справите со високите летни температури!

Добивај вести на Viber

По променливите и често пониски температури кои ги имавме во изминатиот период, жешките летни денови пристигнаа, а од минатата недела веќе се соочуваме со високи температури од портокалова зона. Високите температури може да предизвикаат сериозни здравствени последици, па затоа е важно соодветно да се заштитиме себеси и нашите блиски.

Високите температури влијаат на рамнотежата во нашето тело. Поради зголеменото потење организмот губи повеќе течности и електролити кои се есенцијални за правилно функционирање на нервниот систем и мускулите. Поради тоа правилнaта рехидратација на организмот е од клучна важност во деновите кога високите температури значително го намалуваат нивото на течности во нашиот организам.

Умерената дехидратација на организмот може да предизвика замор, главоболка, вртоглавица, поспаност и мускулни грчеви, додека при тешка форма на дехидратација се јавуваат низок крвен притисок, срцебиење, забрзано дишење па дури и бесвесност во екстремни случаи.

 Алвоген О.Р.С електролитите се вистинско решение за брзо и ефикасно надоместување на изгубените течности и електролити. 

Тие претставуваат вистинско освежување во топлите летни денови, брзо и лесно ги надополнуваат загубите на течности и му даваат нова енергија на организмот. Се препорачуваат за рехидратација, за превенција на дехидратација и одржување на хидратација и кај деца и кај возрасни.

Алвоген О.Р.С шумливите таблети исто така се наменети за диететско регулирање во случај на загуба на вода и електролити при дијареја, повраќање, покачена телесна температура, зголемена физичка активност и спортување.

Алвоген О.Р.С електролитите можете да ги најдете во сите подобро снабдени аптеки со вкус на лимон и јагода. За повеќе совети за правилно хидратирање на организмот следете ги нивните официјални профили на Facebook и на Instgaram

ПР објава