Како принцезата Дијана ја спаси познатата актерка? Потег кој потврдува дека таа им го чувала грбот на жените ширум светот
Актерската дива и пејачка Барбара Стрејсенд во своите мемоари „My Name is Barbara“ сподели различни интересни моменти од нејзината кариера.
Таа на читателите им открила и разни досега непознати тајни од бракот со Џејмс Бролин, како и какви биле нејзините средби со членовите на кралското семејство.
Уште порано, познатата актерка откри дека, пред да ја запознае Дајана, кралот Чарлс покажал голем интерес за неа и ѝ испратил цвеќе од својата градина. Таа на шега рекла дека можела да стане првата еврејска принцеза, но во своите мемоари открила дека вистинската британска принцеза навистина ја импресионирала.
Стрејсенд била импресионирана од работата на Дајана за дестигматизирање на ХИВ и тие се запознале на лондонската премиера на филмот „Господар на плимата“ во 1992 година.
Таа вечер, принцезата Дајана направила потег со кој ја убедила Барбара дека навистина го чува грбот на жените ширум светот, вклучувајќи ја и самата себе.
Шлицот на нејзиното здолништето малку се кренал додека седела, а принцезата забележала мала неправилност и веднаш се зафатила да го закопча за пејачката да не се посрамоти пред публиката во лондонскиот театар.
- Шлицот на здолништето ми се спушти малку додека седев, а таа го забележа и брзо почна да ми го прицврстува кога станав – напишала во своите мемоари.
Дополнително, принцезата Дајана потоа ја прашала дали знае колку е прекрасна, а Стрејсенд признава дека прашањето тогаш ја шокирало.
- Тогаш сигурно не го знаев тоа. Дали го знам тоа денес? Не сум сигурна … можеби малку. Мислев дека Дајана е прекрасна. Се прашувам дали знаеше колку е прекрасна – напиша Стрејсенд.
Фото: Profimedia
Извор: www.magazin.novosti.rs