Како првиот училишен ден да помине без проблеми? Дајте му на детето да појадува што сака, охрабрете го и поттикнете го да се дружи со другарчиња

Утре започнува новата учебна година. Ниту на еден основец, па ни средношколец не му е лесно да се навикне на училишните обврски по распустот, а особено е тешко за најмалите, за првачињата.

Експертите велат дека родителите тука треба да имаат клучна улога, без разлика колку и самите се возбудени, пишува „Јумама“. Психолозите и педагозите советуваат дека на почетокот не треба да ги оптоварувате најмалите и дури е добро да ги оставите првите денови да си го направат своето.

Не претерувајте со прашања

Првите училишни денови треба да бидат светли и опуштени за децата. Дозволете им да јадат за појадок што сакаат, да изберат што да облечат... На крајот на денот, не претерувајте со прашања! Оставете го детето да ги изрази своите впечатоци и дочекајте го со омиленото јадење и десерт, за на овој начин да му дадете важност на овој настан и да му направите убав спомен. 

Што треба да знае првачето

Пред да тргне на училиште, детето не мора да ги знае сите букви и математички операции, доволно е да има развиени графомоторни вештини (основа за успешно совладување на техниката на пишување), концепт на вредност на броеви, развиен говор и вокабулар, а сè друго се надградува и учи на училиште.

- Независноста на детето е поважна од сето ова. Треба само да знае да оди во тоалет, да јаде, да пие, да врзува врвки од чевли, да ги складира своите работи. Се друго останува да се научи – велат експертите.  

Охрабрете ги децата

Советувајте ги децата внимателно да го слушаат наставникот на час и објаснете им дека така ќе им биде полесно и побрзо да ја научат лекцијата дома, па ќе имаат повеќе време за игра. Препорачете му да се договори со другарите да се дружи после училиште или за време на викендот, а на паузите меѓу часовите да разговара со другите и пред се‘ да ги слуша.

Психолозите не‘ потсетуваат дека децата имаат пократок опсег на внимание од возрасните, но дека тоа не треба да ги загрижува на почетокот. Истражувањата покажаа дека децата од предучилишна возраст можат да го задржат вниманието на една активност околу 15 минути, но дека постепено напредуваат во нова средина и со нови обврски.


Фото: unsplash

Извор: информер

Можеби ќе ве интересира: 

Мајки од Скопје ги споделуваат искуствата со адаптација на нивните деца во градинка: Плус корисни совети од Наташа Маџевска, професор по предучилишно воспитување