Како вистински трендсетерки: Зошто треба да носите бели фармерки ова лето?
Секоја жена со
стил мора да го има ова парче во нејзината гардероба
Фармерките се задолжително парче во гардеробата на
секоја жена. Тие одат со сè и лесно се комбинираат. Летото е резервирано за
полесни нијанси, а белите фармерки се совршени за создавање вистински летен
стајлинг.
Можете да ги носите на безброј начини, како дел од
кежуал или вечерен изглед. Овие фармерки ќе изгледаат одлично ако ги комбинирате
со обувки со високи потпетици, но и во комбинација со патики или апостолки.
Бели фармерки и обична памучна маица или свилена блуза, и двете варијанти се
можни, во зависност од пригодата.
Погледнете ги фотографиите и пронајдете идеја за вашиот
следенстајлинг.
Тесни бели фармерки и поширока блуза во светла
боја - одличен деловен изглед.
Сончев летен ден и одмор или патување во природа. Вие сте слободни да одберете светло-бели фармерки со широки ногавици, и да ги комбинирате со бохо маичка или со топ.
Исто така, белите фармерки изгледаат одлично во комбинација со високи потпетици.
За вистински летен стајлинг ви предлагаме да се одлучите за шарена кошула и бели панталони. Одлична комбинација за лесна прошетка низ градот или за на кафе.
Ако сте облечени во бело од глава до пети со сигурност ќе изгледате одлично.
Фото: Shuterstock и Инстаграм