Каква фризура, каков аутфит: Лила Филиповска непрепознатлива - се потсети на првите водителски обиди (ВИДЕО)

Се сеќавате ли на првите телевизиски појавувања на водителката?

Лила Филиповска веќе долги години ја гледаме на телвизиските екрани како водителка.
Нејзиниот стил и став се поим за жена за која годините се само бројка.

Таа важи за една од најубавите, најмодерните и најдобрите водителки кај нас.
За убавата водителка велат дека е како родена за пред камера, но, дали отсекогаш било тоа така?!

Лила денес се потсети на нејзините први појавувања на телевизија, всушност на далечната 1995 година кога за првпат навлегува во водителските води, и се појавува на Македонската телевизија.

За снимката која ја објави вели дека ја гледа првпат во животот и не се ни сеќава многу на тие моменти, и во нејзин стил се пошегува на сметка на нејзината фризура и стајлинг. Иако се разбира, во тоа време, Лила била облечена по последните модни трендови.

„Ова мора да го видите“, напиша таа објавувајќо го видеото на нејзиниот Инстаграм профил:

Лила тогаш имала само 26 години и ретко кој би ја препознал. 

Поврзани вести:

Искрено за Женски Магазин: Лила открива која е нејзината најдолга љубовна врска

(ФОТО) Носталгично сеќавање: Филиповска и Арнаудова се потсетија на младоста и ноќниот живот во Скопје


(ФОТО) На кого личи: Лила Филиповска сподели фотографија од родителите