Искрено за Женски Магазин: Лила открива која е нејзината најдолга љубовна врска
Водителката Лила Филиповска важи за едно од најпознатите ТВ лица во нашата држава. Поради нејзиното долгогодишно искуство на малите екрани, потоа поради нејзината постојана актуелност, како и поради желбата на јавноста да дознае уште нешто за неа и нејзиниот приватен живот, медиумите постојано ја имаат како главна тема за обратка. Сево ова е причина плус за јавноста да е сѐ повеќе убедена дека знае за неа сѐ. Но, тоа е далеку од вистината.
Има многу работи, за кои Лила досега не зборувала, а февруари – месецот на љубовта е доволна инспирација за тоа. Па така, водителката се одлучи да открие интересни детали од својот живот, за кои веруваме дека многумина од вас досега не ги слушнат.
* Koja беше Лила пред да стане водителка? Со кои професии преходно се занимаваше?
- Завршив во средното медицинско училиште „Д-р. Панче Караѓозов“, со желба да бидам докторка. Ама, Бог имал друг план за мене очигледно. Потоа запишав Филолошки факултет на УКИМ, а во меѓувреме работев како медицинска сестра. Моите телевизиските почетоци беа во МТВ, но мојот посериозен телевизиски ангажман започна на Сител со квизот Енигма и сѐ друго понатаму е историја!
* Што правевте за време карантинот и како ја пребродувате пандемијата?
- Мене карантинот ми дојде како еден одмор и ми овозможи убаво да се одморам од сите ангажмани после долги години. Едноставно уживав во уметноста на неправење ништо. Средив многу работи за кои претходно немав време, прочитав многу книги, изгледав многу филмови и серии и конечно го најдов времето кое сакав да му го посветам на мојот мачор Рагнар.
Карантинот ме научи и на една нова работа, а тоа е дека можам без многу работи за кои претходно мислев дека не можам!
* Кој период од животот Ви бил најтежок?
- Периодот кога го изгубив човекот кој ми беше најголема поддршка во животот - мојот татко! И ништо не се споредува со тој губиток, иако знам дека сега тој е мојот ангел чувар.
* Која е Вашата најголема поддршка во животот?
- Како што кажав и предходно, тоа беше мојот татко, но сега тоа е син ми Филип, како и неколку блиски драги луѓе. Не се многу, но се вистински пријатели на кои можам секогаш да се потпрам и се до мене кога ми се најпотребни!
* Koja e Вашата најдолга љубовна врска?
- Со оглед на тоа дека овој месец е „официјалниот“ месец на љубовта, баш се замислив периодов и дојдов до заклучок дека мојата најдолга врска, која сѐ уште трае е со моите Credissimo.
* Зашто таа врска е толку успешна толку долго време?
- Зошто? Едноставно е... Нашата врска трае веќе 5 години и се базира на почит, доверба, транспарентност, искреност, взаемна поддршка и обострана љубов. Ова се вредности кои се многу важни за мене кога градам пријателство, а со Credissimo е лесно, бидејќи е компанија која ги негува истите вредности.
И бидејќи за неколку дена следи и Денот на вљубените искрено им посакувам на сите ваква взаемна и долга љубов како што е нашата!
* Кои се Вашите планови во поскора иднина?
- Соработката со Credissimo ме прави среќна веќе неколку години и имам огромна чест и задоволство што имам можност брендот Credissimo да го приближам до нашиот пазар.
Возбудена сум бидејќи следуваат уште многу изненадувања кои заеднички ги подготвивме. За оваа година имаме големи планови, нови свежи кампањи, нови спотови, ќе шириме позитива и љубов и ќе ја оправдаме довербата на оние кои се наши пријатели сите овие години.