Каква глетка 37 години подоцна: Сцена како од „Бољи живот“, Бјелогрлиќ заигра со Светлана Бојковиќ

Добивај вести на Viber

Оваа сцена трогна многумина...

Серијата „Бољи живот“ беше премиерно прикажана во 1987 година, а и денес се реприза на РТС.

Важи за една од најдобри серии во регионот, а ликовите на Ема Попадиќ и Гига Моравац, кои маестрално ги играат Светлана Бојковиќ и Марко Николиќ, нема некој на кој не им беа драги.

Приказната го следеше животот на семејството Попадиќ, Ема, Гига и нивните деца, а сцената која денеска осамна на социјалните мрежи особено ќе ја трогне повозрасната публика.

Младиот актер Алексеј Бјелогрлиќ, син на познатиот продуцент и актер Драган Бјелогрлиќ, го сними својот татко како танцува со актерката Светлана Бојковиќ.

За да го овековечи моментот, Алексеј на видеото од танцот ја додаде насловната песна од популарната југословенска серија, покажувајќи го својот личен ентузијазам.

Овој момент многумина потсети на сцената од серијата, бидејќи, Драган Бјелогрлиќ во „Бољи живот“ го глумеше синот на Светлана Бојковиќ.

Фото: Инстаграм
Извор: Тelegraf.rs