„Каква љубов беше тоа“: Игор Џамбазов емотивен за песната кој ја напишал татко му за неговата мајка
Нашиот најголем шоумен, се присети на песната која неговиот татко, маестро Александар Џамбазов ја напишал за неговата најголема љубов, за мајка му на Игор, Анче.
Маестро Александар Џамбазов е автор на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика и повеќе дела од класичната музика, но очигледно текстот за песната „Ана“ која ја отпеа Симеон Гугуловски, на Фестивалот на забавни мелодии СКОПЈЕ 71, му била меѓу најомилените.
Игор за текстот на песната напиша: „Песната на татко ми за мајка ми … каква љубов беше тоа, пријатели мои… Слава им“.
Неговата објава собра многу лајкови и коментари, а на еден од коментарите пишуваше: „Вистинска љубов нема минато време...Таа "е" во сегашно време, и на овој и на оној свет...“
Фото: Инстаграм
Видео: Youtube
Р.Ж.М.