Каква револуција: „Вог“ штотуку објави 5 насловни страници за мајското издание и секоја од нив е совршено несовршена и ја слави различноста

Британскиот „Вог“ објави пет насловни страници за мајското издание, со портрети на луѓе со некаков вид на попреченост. Во изданието под наслов „Реформирање на модата: динамично, смело и со попреченост“ се појавуваат активистката Шинејд Бурк, актерката Селма Блер, изведувачката на знаковен јазик Џастина Мајлс и моделите Арон Роуз Филип и Ели Голдстајн. Различноста и вклученоста не смеат да го заобиколат ниту светот на модата, а оваа тема е важна во општеството и медиумите, а идејата која има за цел да прикаже „различни“ ѕвезди изгледа е многу популарна. Овие насловни се уште еден привлечен потег на главниот уредник на британскиот „Вог“ Едвард Енинфул, кој е на чело на магазинот од 2017-та година.


Новото издание нагласува како модната индустрија може да се прилагоди и да работи на зајакнување на инклузивноста за подобра поддршка на лицата со посебни потреби.

- Создавањето на ова издание беше неопходно и всушност тоа беше задоцнето образование за сите - и не научи на лекции што ќе ги пренесеме во иднината. Конечно, овие корици и портфолиото го поставуваат прашањето: сите се занимаваме со мода, но дали модата се занимава со сите нас – напиша Едвард претставувајќи го мајското издание на магазинот.


„Вог“ има 19 талентирани луѓе со попреченост од светот на модата, спортот, уметноста и активизмот од целиот свет, од тркачкиот возач Николас Хамилтон, кој има церебрална парализа, до креативците од „Trifle Studio“, лондонски колектив на уметници со пречки во учењето...


Сите фотографии за ова издание ги направи Адама Џалох, а еве како изгледаат насловните страници:

Советничката Шинед Брук

Фото:Profimedia

Таа е предавач, писател, извршен директор и уредник. Во оваа прилика таа зборуваше за важноста на емпатијата.

Актерката Селма Блер

Фото:Profimedia


Селма неколку пати јавно проговори за нејзината борба со мултиплекс склероза. А за „Вог“ се сликаше со бастун, без кој не може да оди.

Ели Голдстајн

Фото:Profimedia


Ели е модел со Даунов синдром. „Ако сакате да работите со мене, мора да работите со сè што сум јас“, рече таа еднаш.

Џастина Мајлс

Фото:Profimedia


Таа е глув преведувач на американски знаковен јазик. Стекна огромна популерност на полувремето од настапот на Ријана во „Супербоул“ оваа година.

Арон Роуз Филип

Фото:Profimedia


Црна трансродова манекенка во инвалидска количка. Арон Роуз Филип беше првиот модел со физичка попреченост кој беше претставен од голема агенција во 2018-та година.

Извор: zena.blic.rs