Каква убавица: Ова е сестрата на Јелена Розга која има две деца - Јулија е нејзина копија
Јелена Розга ретко зборува за својата сестра Јулија, бидејќи како што нагласи, таа не сака да се појавува во медиумите
Сестрата на Јелена Розга е вистинска убавица, но Јулија Розга Ќук не сака да биде дел од јавната сцена.
„Долго се каравме, до 17 години, се сеќавам, веќе пеев во „Магазин“ и се скаравме, нешто за облеката, нормално, сестра ми беше полна со модрици, а мене ми фалеше половина коса. “ се присети таа еднаш за „Магазин ИН“, а фотографијата на Јулија можете да ја погледнете на овој линк.
Тинејџерските кавги денес се далеку зад нив и сестрите се во одлични односи, а Јелена е и горда тетка на нејзните внуки Леа и Ноа.
„Мојата сис, ја викам сис, таа води сосема поинаков живот. Јулија е мајка, прекрасна мајка, а Јулија отсекогаш била тип што станувала во осум наутро. Јас сум голема спанка, а таа е сосема поинаков тип. Таа одлучи на помирен начин на живот“, изјави претходно Јелена за „RTL Ekskluziv“.
извор: www.pulsonline.rs