Какви се децата родени во јули: 8 причини по кои се посебни

Секоја сезона и секој месец носи различни особености

Мајките чиј термин е во јули со нетрпение го чекаат своето прво дете, а добрата вест е што имаат неколку причини за прославување. Имено, децата родени во седмиот месец од годината се посебни поради повеќе причини. Еве неколку:

1. Позитивни, секогаш гледаат на светлата страна на животот

Истражувањата покажаа дека луѓето родени во јули имаат поубав поглед на животот. Пролетните и летните месеци се жешки, таков е и темпераментот на бебињата родени во пролет и лето.

2. Забавни, склони кон сарказам

Велат дека луѓето родени во јули имаат добра смисла за хумор, и затоа се опкружени со луѓе. Тие се склони кон сарказам, саркастично чувство за хумор, тие се снаодливи и секогаш имаат брз одговор на сè.

3. Многу важни луѓе се родени во јули

Јули е именуван по римскиот император Јулиус Цезар, кој е роден на 12-ти или 13-ти овој месец. Некои други значајни историски личности кои го прославуваа својот роденден во јули се принцезата Дајана (1 јули), Нелсон Мандела (18 јули) и Џеки Кенеди (28 јули).

4. Добро ги контролираат своите емоции

Според студија спроведена во Јапонија, бебињата родени во летните месеци се помирни и подобри во контролирање на нивните емоции од своите есенски и зимски врсници до 18-годишна возраст. Подоцна во животот, тие подобро го управуваат своето однесување во услови на конфликт и откриваат грешки.

5. Потребен им е посилен надзор

Летните деца се малку повеќе „разиграни“, така што ќе им треба поголем надзор во текот на училишниот период за да бидат поуспешни во исполнувањето на своите обврски.

6. Семејни луѓе

Децата родени во јули се карактеризираат со силна приврзаност кон семејството. Тие многу ги ценат семејните вредности и се заштитнички настроени кон оние за кои се грижат.

7. Највисоки во одделението

Летните бебиња родени во јуни, јули и август често имаат поголема породилна тежина и должина. Поради тоа, подоцна се малку повисоки од своите врсници.

8. Често се левучари

Според истражувањата, леучарите најчесто се раѓаат во март и јули. Авторите на студијата претпоставуваат дека ова е поврзано со сезонската варијација на некои фактори, но сè уште не биле во можност да дојдат до точни научни заклучоци.